Психолошки трикови со кои ќе ја избегнете секоја непријатна ситуација
За да ги избегнете непријатните ситуации, треба само да внимавате на нештата што се случуваат околу вас.
Говорот на телото ќе ви помогне да сфатите како се чувствува вашиот соговорник, а со тоа ќе знаете како да постапите.
Всушност, можете да ја „хакирате“ човечката природа и со вистинските постапки да станете омилената личност во друштвото.
Во продолжение погледнете неколку трикови што ќе ви помогнат да ја избегнете речиси секоја непријатна ситуација:
Кога соговорникот зборува премногу
Бидејќи не постои учтив начин да кажете некому дека премногу зборува, можете да го искористите овој трик.
Едноставно, преправајте се дека сте несмасни и испуштете нешто од рака. Можете и да турнете некој предмет во близина.
На овој начин соговорникот ќе сфати дека зборувал предолго и најверојатно ќе престане.
Ако се чувствувате нервозно
Мозокот смета дека сте на удобно и безбедно место кога јадете, а ова можете да го искористите во ваша корист.
Со гумата за џвакање ќе го „излажете“ мозокот дека јадете, па ќе се релаксирате многу полесно.
Можете да го користите овој метод ако треба да правите сериозен разговор, пред интервју или во која било стресна ситуација.
Ако имате гневен муштерија
Ако работите во продавница, ресторан или слично, знаете каков проблем можат да предизвикаат гневните муштерии. Без разлика колку сте во право, ретко кога ќе можете да се разберете.
За да го избегнете ова, ќе ви треба само огледало – поставете огледало на касата, така што муштериите ќе можат да се видат во него.
Најчесто луѓето не сакаат да се гледаат кога се нервозни или гневни. Па, кога ќе го видат својот гневен израз во огледалото, голема е веројатноста да се смират.
Ако во глава ви се врти некоја песна
Понекогаш во мислите ни „заглавува“ песна од реклама, понекогаш омилениот хит, а најчесто станува збор за песна што ја мразиме. Секој бил во ваква ситуација и знае колку е тешко да се ослободи од заразната мелодија.
За да се ослободите од песната, обидете се да ја завршите. Односно, во мислите испејте ја до крај или пуштете ја и ислушајте ја целата.
На овој начин мозокот ќе „помисли“ дека песната е завршена, па најверојатно ќе престанете да си ја потпевнувате.
Ако очекувате конфликт
Кога треба да преговарате со некој, особено со бизнис партнер, овој трик многу ќе ви се најде.
Наместо да седнувате спроти соговорникот, седнете до него. Ова ќе направи да се чувствува како да сте на негова страна.
Покрај тоа, тешко е да се налутите на личност која седи блиску до вас.
Ако сметате дека некој е свесен за непријатноста
Понекогаш е најдобро да го направите очигледното и да прозборите за напнатоста или непријатноста на ситуацијата.
Ако сте со нова група луѓе и забележувате дека на сите им е непријатно, можете да го „скршите мразот“ со тоа што ќе кажете колку е смешна ситуацијата.
Хуморот секогаш е добро прифатен, па и малата шега ќе ја подобри атмосферата.
Ако не сакате да купувате пијачки
Кога станува збор за сериозна или забавна ситуација, луѓето настојуваат да ги помнат почетокот и крајот од истата. Искористете го ова кога сте излезени.
Ако сте собрани со повеќе пријатели и сакате да честите пијачки, направете го тоа уште кога ќе стигнете. Бидејќи тоа ќе биде првата тура, сите ќе запомнат дека сте купиле пијачка и веројатно ќе нема потреба повторно да го правите тоа.