Психолошки трикови со кои ќе ја избегнете секоја непријатна ситуација
Ако сте во нова група пријатели
Кога сте опкружени со нови луѓе, нормално е да се чувствувате малку несигурно. Во овој случај најдобро е да обрнете внимание на говорот на телото.
Ако луѓето се заинтересирани за вас, нивните стапала ќе бидат свртени кон вас. Ако забележите дека некој ја свртува само главата кон вас, без стапалата, можеби не е заинтересиран за вас.
Ако сте сред расправија
Дури и ако соговорникот ви вика на цел глас, обидете се да останете смирени и да не го повишувате тонот.
По некое време, вашата смиреност ќе влијае врз соговорникот и тој ќе престане да вика.
Ако не го добиете посакуваниот одговор
Ако поставите некое прашање, може да помине некое време пред да го добиете потребниот одговор, особено ако прашањето е непријатно.
Во овој случај останете смирени, погледнете го соговорникот во очи и дозволете му да зборува. Кога-тогаш ќе го добиете посакуваниот одговор.
Ако сте на прв состанок
Ако немате никаков план, првиот состанок може да биде непријатен.
За да го избегнете ова, однесете го потенцијалниот партнер на возбудливо место што ќе му го покачи адреналинот.
Покрај тоа што ќе ја избегнете непријатноста, адреналинот сигурно ќе ве зближи, а личноста ќе претпостави дека и двајцата сте си поминале одлично.
Ако ви требаат повеќе информации од соговорникот
Понекогаш ќе забележите дека луѓето се обидуваат да ја прикријат вистината или да избегнат соочување со некоја тема.
Ако сакате личноста да ви признае нешто или да ви даде повеќе информации, гледајте ја во очи и подигнете ги веѓите.
Ова ќе направи личноста да се чувствува послабо од вас и за брзо ќе најдете заедничко решение или договор.
Ако мислите дека некој ве гледа
Ако мислите дека некој гледа во вас, за да ги потврдите сомнежите само почнете да се проѕевате.
Сигурно веќе знаете дека проѕевањето е „заразно“, па ако личноста гледа во вас, ќе се проѕевне и таа.
Ако не можете да ги натерате децата да прават нешто
Немојте да ги прашувате децата дали сакаат нешто, туку дајте им опции.
На пример, ако сакате детето да јаде зеленчук, не прашувајте го дали сака. Наместо тоа, прашајте го дали сака една или две порции. Или дали го сака во комбинација со месо или со компир и слично.
Иако можеби ќе пружи отпор, овој пристап ќе го натера да мисли дека тоа ја донело одлуката.
Ако сакате да „посрамотите“ некој
Мирното избегнување конфликт, па дури и тепачка, е секогаш подобро отколку да им дозволите на емоциите да ве надвладеат. Сепак, дури и ако вие не се „закачувате“, постојат луѓе кои сакаат да провоцираат.
Ако се најдете во ваква ситуација, искористете ја моќта на гледањето во очи.
Погледнете ја личноста во очи, стојте мирно, спуштете го погледот кон нејзините стапала и потоа повторно погледнете ја во очи. На крај, погледнете настрана.
Ова ќе му покаже на провокаторот дека сте го процениле и сметате дека не претставува закана за вас. Во повеќето случаи, ова ќе го обесхрабри и тој ќе се повлечи.
Спирова С. | Црнобело