Како да станете утрински тип на човек?
Понекогаш ни се чини дека луѓето можеме да ги поделиме во две групи – ноќни птици и оние луѓе кои секогаш успеваат магично рано да станат и да бидат насмеани.
Со оглед на тоа што будењето рано има бројни предности, како да станете утрински тип на човек?
1. Создадете утринска рутина и следете ја секој ден
Телото сака рутини, па ако создадете утрински активности кои се повторуваат од ден на ден, како шо е раното будење во 6 часот, мала физичка активност и добар појадок, упорноста ќе ви се исплати на долг рок.
2. Пуштете светло внатре штом се разбудите
Мозокот полесно се расонува ако види природна светлина.
3. Секогаш запишете причина зошто да се разбудите порано
Пред спиење запишете ги сите добри работи кои ве очекуваат утредента. Кога ќе го слушнете алармот, лесно ќе се сетите зошто треба да се разбудите порано.
4. Не заспивајте и не се будете со мобилниот во рака
Освен тоа што светлината од екранот комплетно го збунува телото, ве тера да изгубите осет за време.
5. Појадувајте многу протеини
Појадокот од печиво заменете го со јајца и други протеини кои му даваат сила на организмот.
6. Прескокнете го спиењето попладне
Ако сте изморени во текот на денот, подобро легнете си порано, отколку да го „сецкате“ сонот преку попладневна дремка.
М. Д. | Црнобело