Правењето селфи - навика што создава нарциси, докажано

Не толку одамна, фотографијата била вистински настан, се викал официјален фотограф, и се славеле само специјални животни настани, за кои луѓето долго време се подготвувале. Тогаш камерите станале достапни за сите. 

Ovaa navika sozdava narcisi sto voopsto ne ne iznenaduva 01

Со нетрпение чекавме да се развие филмот за да видиме како испаднавме на фотографиите, а потоа се случи вистинска револуција - во нашите животи влегоа памeтни телефони.

Паметните телефони донесоа селфија, а со нив започна ерата на нарцисоидните луѓе. Денес фотографирањето ни стана природно, речиси како и дишењето, додека селфијата стануваат чести како говор, начин да се изразиме.

Но што велат психолозите за ова? Истражувањето објавено во списанието „Computers in Human Behavior“ откри поврзаност помеѓу селфија и нарцизмот, психолошкото нарушување во кое човекот се перципира себеси како премногу важен.

Нарцисоидните личности имаат проблеми во меѓучовечките односи, а главната причина за ова е недостаток на емпатија кон другите.

Ovaa navika sozdava narcisi sto voopsto ne ne iznenaduva 02

За целите на истражувањето, научниците ги набљудувале активностите на социјалните мрежи на 470 американски и 260 либански студенти, во обид да дознаат колку често луѓето објавуваат селфија на Инстаграм и Фејсбук.

Резултатите покажале поврзаност со грандиозниот (отворен) нарцизам, кој содржи елементи на екстраверзија, низок невротизам и отворена супериорност.

Грандиозните нарциси сметаат дека заслужуваат посебно внимание, посебен третман и веруваат дека се над сите, што е најочигледно во односот со партнерот, како и на работното место, односно, комуникацијата со колегите.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Како изгледаа музичките концерти кога немавме мобилни телефони? (фото) Во времето без мобилни телефони луѓето палеа запалки за да направат „ѕвездено не...
Низ фотографии: Што се случувало и како изгледал светот пред 100 години? Автомобилите станувале подобри, фиксните телефони биле подостапни, а во Париз ја...
3 психолошки вистини за луѓето со избувлив карактер (што другите најчесто не ги разбираат) Нивните чувства потекнуваат од потребата за самозаштитување, а не од омраза, а п...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg