Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Во кој ден од неделата луѓето се најмногу вознемирени?

Ако ви се случи во недела да размислувате опсесивно за понеделник и за новата работна недела, не сте единствените. Појава на вознемиреност во ова време е многу честа и широко распространета. 

Vo koe vreme lugeto se najmnogu voznemireni 01

Едно ново американско истражување, кое опфати повеќе од 2.000 испитаници откри дека 88% од луѓето редовно доживуваат вознемиреност во недела.

Ова се случува најчесто во 15:58 часот, кога мислите на новата работна недела. Исто така, беше откриено дека повеќето луѓе не можат целосно да се исклучат од работа за време на викендите.

Во просек луѓето работат околу 3 часа во сабота и недела. Ова вклучува проверка на е-пошта (45%), прегледување презентации (38%) и службени повици (31%).

На прашањето како се справуваат со вознемиреност во текот на викендот, скоро половина од анкетираните луѓе рекле дека се обидуваат да пронајдат барем четири часа време за себе, што општо вклучува гледање омилена серија, читање книга или релаксирање во када.

Другите го користат крајот на работниот ден во петок за целосно да се подготват за наредната недела, за да не се оптоваруваат со работа во текот на викендот.

Психолозите препорачуваат да посветите квалитетно време на самите себе во текот на неделата, за да ја олесните вознемиреноста за време на викенди.

Можете да одите на час по јога или да поминете квалитетна вечер со партнерот. Друга препорака е да ги запишете сите обврски во петок, што ве чекаат следната недела, за да имате слободно време за себе во текот на викендот.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
16 луѓе чиј ден сигурно бил полош од вашиот „Испеков колач за годишнината од брак на моите родители, но брат ми успеа да го ...
10 луѓе кои сосема сами го претворија домот во пријатно катче за уживање (фото) „Се откажав од идејата да следам одреден стил за уредување и почнав да уредувам ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg