11 причини зошто Финците се најсреќниот народ во светот
Доверба во полиција
Граѓаните имаат доверба во полицијата, а повеќе од 90 проценти имаат доверба и во другите државни институции.
Необични спортови
Тешко дека ова може да се нарече спорт, но Финците имаат натпревар за фрлање мобилни телефони, свирење воздушна гитара, фаќање комарци и слично.
Право на интернет
Пред 10 години Финска стана прватa земја во светот која го прогласи интернетот за основно човечко право. Тука интернетот им е достапен на сите.
Кафе
Според податоците на Интернационалната организација за кафе, Финците се втори во светот според консумација на кафе.
Бесплатно образование
Уште од мали нозе, децата во Финска се стремат да учат странски јазици. Затоа, повеќето од населението зборува совршено англиски. Образованието е бесплатно, а финскиот образовен систем е еден од најдобрите во светот.
Селото на Дедо Мраз
Во гратчето Рованиеми во Лапонија се наоѓа Селото на Дедо Мраз, што можете да го посетите кога било.
Ашера | Црнобело