Стравот од кучиња навистина постои - зошто се плашиме и како се лекува?
Сите сакаат кучиња, освен оние кои за нив чувствуваат едно нешто, а тоа е: СТРАВ.
Кинофобија претставува страв од кучиња, односно огромна непријатност од нивна близина. Оваа фобија навистина може да влијае врз социјалниот живот на човекот.
Нивниот страв од кучиња може да се претвори во голема неволја, а да не ги споменуваме проблемите што доаѓаат со посета на домовите на пријателите или членовите на семејството кои имаат домашен миленик, па дури и одењето на јавни места каде што можат да се појават кучиња.
Дури и строго обученото куче во самопослуга може да направи некој со кинофобија да доживее напад на паника.
Но, како се развива тој страв од најдобриот пријател на човекот и какви третмани постојат за истиот да се отстрани?
Зошто се плашиме?
Причините поради кои некој може да се плаши од кучиња се разновидни, но културните влијанија како општеството, околината, семејството, па дури и религијата може да придонесат за тоа.
Честопати претходното лично искуство на една личност со кучиња игра голема улога во нивниот страв - можеби тие доживеале напад на кучиња или биле сведоци на куче што нападнало некој друг.
Но, понекогаш стравувањата како кинофобија немаат никаква врска со трауматските лични искуства на еден човек.
„Некои луѓе може да се плашат од кучиња не заради некое директно искуство или сведоштво на напад на кучиња, туку заради хемиската нерамнотежа што предизвикува развој на анксиозни нарушувања, како специфична фобија или опсесивно-компулсивно нарушување (OCD) “, вели Кејси Браун, терапевт во Џорџискиот центар за ОCD и анксиозност.
Без оглед на тоа што е основната причина за нечија кинофобија, избегнувањето на стравуваната состојба не прави ништо за да ја отстрани вознемиреноста.
Малите деца кои растат со куче во домот имаат многу помала веројатност да развијат кинофобија од оние кои ретко кога имале некаков контакт со овие миленици.
Но, ова не значи дека личноста која се справува со кинофобија треба да веднаш да „скокне“ во засолништето за кучиња или сам да прошета низ паркот за кучиња и да се обиде да си поигра со нив.
ЕРП, еден вид на метод вклучува бавно соочување со стравот сè додека постепено не исчезне.
„Како терапевт за анксиозност, никогаш нема да кажам на никого дека нивната вознемиреност, од каква и да е форма - е излечива’’, вели Браунсеј.
Иако терапевтите и клиниките кои се специјализирани за третман на кинофобија сугерираат најразлични стратегии за отстранување на стравот од кучиња, од едукација за тоа како повеќето кучињата не се опасни за околината и уште милион други методи, сепак експертите се согласуваат за една изложена реалност: пријателско настроено куче е единствениот загарантиран третман кој најверојатно ќе му помогне на секој да се избори со овој страв.
Започнете полека
„Ако некој дојде на терапија, сакајќи да го совлада стравот од кучиња, ние ќе наредиме листа на предизвикувачи што во моментот ги искусуваат од најмал процент на вознемиреност, до неговото највисоко активирање“, вели Браунсеј.
Стравувањата може да вклучуваат да се биде околу кучиња, да се слушне нивното движење, да се шета во соседството каде што кучињата можеби нема да бидат заврзани, но, исто така навидум мали работи како што се гледање кучиња на ТВ, кучешки влакна на нечиј кауч или слушање приказна за нечие милениче.
Терапијата навистина делува
На младата Џејми ѝ беа потребни шест недели да собере храброст и самостојно да седи до тригодишниот лабрадор Сем, дури и да го погали.
Во една од нејзините последни сесии, таа дури се справи со тоа што обучено детективско куче се обидело да ја гризне по нејзиниот „безбедносен“ ракав.
Но, таа признава дека треба да работи на себе уште многу.
„Сè уште сум исплашена, но воедно сум и горда на себе затоа што забележав дека терапијата навистина работи.
Само сакам да продолжам сѐ додека ова чувство не исчезне и тоа стане дел од мојот нормален живот.“ - вели таа.
Џејми изјави дека откако нејзиниот терапевт ќе ѝ даде зелено светло, планира својот дом да го збогати со уште еден член: мал кокер.
Мила М. | Црнобело