„Заразни“ игри за телефон што ќе ве забавуваат со часови
Понекогаш имаме потреба да се исклучиме од светот, барем на момент да побегнеме од сите нешта што нѐ задушуваат и да се релаксираме.
Или, да се дрзнеме да играме видео-игрички на нашите мобилни телефони, што многумина од нас често го практикуваат.
Најдете удобна позиција, никој нека не ви го одвлекува вниманието и почнете со играње. Ако ви премине во навика, и тоа не чини.
Во продолжение следуваат предлози за „заразни“ игрички за нашите мобилни телефони, кои толку ќе ни го окупираат умот, што ќе ни треба некое време да се приспособиме на реалноста.
Ќе започнеме со играта Scary Teacher 3D. Приказна ги следи едно генијално девојче и нејзината лоша наставничка, која цело време ги малтретира и казнува учениците.
Откако наставничката ќе се пресели во маалото на девојчето, таа решава да ѝ одржи лекции и да ја заплаши.
Играта е достапна за Android и iOS.
Уште една интересна игра, која нема да ве остави да спиете. Станува збор за Subway Surfers, каде треба да им помогнете на неколку деца да побегнат од грозоморниот инспектор и неговото куче.
Играта е достапна за Android и iOS.
За оние кои сакаат акциски игри, Hunter Assassin е измислена за нив. Контролирајте го убиецот и елиминирајте ги противниците еден по еден. И секако, бидете внимателни, зошто секој агол може да биде смртоносен.
Играта е достапна за Android и iOS.
Една од најзабавните и наједноставните игри што постојат - Rescue Cut. Помогни му на заложникот да побегне од собата, ама притоа да извлече жива глава.
Играта е достапна за Android и iOS.
Има и нешто поразлично од сè што досега наведовме. Brain Test е игра која ќе ве освои уште во првите десеттина минути. Фокусирајте се добро да најдете решение на триковите и сложувалките кои ќе бидат откриени пред вас.
За оваа игра, постои едно непишано правило: „Think outside the box“.
Играта е достапна за Android и iOS.
Доста се како за почеток. Одвојте онолку време колку што мислите дека ви е потребно. Само не претерувајте!
Автор: Х.Е.