Кафените јајца се поздрави, јадењето навечер дебелее - митови за исхраната

Морковите позитивно влијаат врз видот, витаминот Ц помага при настинка, овошјето не е здраво доколку се јаде после 3 часот попладне - ова се само дел од митовите за исхраната во кои сите веруваме.

mitovi-za-ishranata-vo-koi-site-veruvame+01.jpg

Многу често помеѓу некој мит и вистината може да „лежи“ само една тенка линија која ги прави сите „збрки“.

Многу луѓе веруваат дека јадењето доцна навечер доведува до зголемен број на килограми, кога она што навистина е важно е бројот на калории што го внесуваме во текот на денот, а не кога ги внесуваме.

Во продолжение прочитајте кои се митовите за исхраната во кои сите веруваме:

Морковите ви помагаат да гледате подобро во темница.

Точно е дека морковите содржат голема количина на витамин А кој навистина е важен за очите и видот, но тоа не значи дека нивната консумација ќе ви помогне да гледате подобро во темница.

Јадењето доцна навечер предизвикува дебелеење.

Советот на нутриционистите да не се прејадувате после 8 навечер е совет за оние кои сакат да ја намалат својата килажа, а за оние останатите е само мит.

kafenite-jajca-se-pozdravi-jadenjeto-navecer-debelee-mitovi-za-ishranata-04.jpg

Вистина е всушност дека не е важно кога ги внесувате калориите, туку она што навистина е важно е колку калории севкупно внесувате во текот на денот.

Кафените јајца се поздрави.

Многу луѓе веруваат дека кафените јајца се поздрави од белите, но тоа не е вистина.

Бојата на јајцето зависи пред сè од видот на кокошката што го снесува. Некои раси на кокошки положуваат бели, а некои кафени јајца. И двете се подеднакво здрави.

Потребни се седум години за желудникот да свари гума за џвакање.

Вашиот стомак не ја вари гумата за џвакање на ист начин како и останатата храна, но сепак таа не се задржува во нашиот организам седум години.

kafenite-jajca-se-pozdravi-jadenjeto-navecer-debelee-mitovi-za-ishranata-02.jpg

Витаминот Ц помага при настинка.

Многу истражувања имаат докажано дека витаминот Ц нема никаква поврзаност со настинките и нивното лекување.

Вистината во овој мит е фактот што витаминот Ц помага при одржување на состојбата на нашиот имунитет, но не помага при болести и настинки.

Зготвените зеленчуци имаат помала нутритивна вредност од свежите.

Вистина е дека готвењето уништува некои витамини кои се „чувствителни“ на топлина, како на пример витаминот Ц, но, ова не е вистина и за сите останати витамини кои се наоѓаат во зеленчукот.

kafenite-jajca-se-pozdravi-jadenjeto-navecer-debelee-mitovi-za-ishranata-03.jpg

Во многу случаи здравите придобивки на зеленчукот се добиваат токму преку готвење.

Овошјето не треба да се јаде после 3 напладне.

Ова е само мит за кој не треба да се приврзуваме. Овошјето е здраво и носи здрави бенефиции во секое време од денот.

Т. Ѓ. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кога денот ќе тргне на лошо: Ситуации од кои секој би доживеал мини нервен слом (фото) „Излегов на минусни температури за да си го продадам таблетот на договорено мест...
Бојадисајте ги велигденските јајца без хаос: Техника со ориз со која ќе се забавуваат и најмалите Бојосувањето јајца за Велигден може да биде вистински стрес ако имате мали деца ...
Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...
10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg