Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Зошто Petit Beurre бисквитите имаат дупчиња и запци?

Толку сме навикнати на Petit Beurre бисквитите, што на прв поглед нема ништо необично во нивниот дизајн.

zosto-petit-beurre-biskvitite-imaat-dupcinja-i-zapci-02.jpg

Сепак, ако повнимателно ги проучите, ќе сфатите дека кријат неколку интересни бројки и секоја си има одредено значење.

Во 1886-та е произведен првиот Petit Beurre бисквит кој и понатаму се прави по истиот рецепт.

Перфекционистот со добар осет за маркетинг, Луис Лефев-Утиле, чија идеја биле вкусните бисквити, калапот го донел од Англија.

Кога ќе го погледнете бисквитот ќе забележите агли, запци и дупчиња, но никогаш не би ви текнало да ги преброите.

zosto-petit-beurre-biskvitite-imaat-dupcinja-i-zapci-01.jpg

Нивното значење е тесно поврзано со времето.

Четирите агли, колку што има бисквитот, ги симболизира четирите годишни времиња.

Бисквитот има 52 запци, кои ги претставуваат 52-те седмици во годината, додека бројот на дупчиња на секој кекс изнесува 24 – колку што има часови во еден ден.

zosto-petit-beurre-biskvitite-imaat-dupcinja-i-zapci-03.png

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Колку светлото го менува изгледот на познатите градби во Македонија и светот? Кривата кула во Пиза, Ајфеловата кула во Париз, операта во Сиднеј се само дел од...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
Девојката што „умира од досада“, девојчето со злобен поглед: Која е приказната зад најпознатите меми... Колку пати сте го виделе (и споделиле) мемето од момчето што ѝ раскажува нешто н...
„30.000 денари не се многу пари да ги имаш, но се многу пари да ги должиш“ и уште неколку корисни со... „За нешто што си го направил, можеш да бидеш вознемирен 5 минути или 5 месеци, н...
Жена од Канада создава куќички за кучиња од LEGO коцки: „Имам неколку стотици илјади коцки и продолж... Лорета Квинси својата страст од детството ја претворила во нешто уникатно. Ло...
Десет имиња за бебиња со библиска симболика Душан - Потекнува од зборот „душа“, а луѓето кои го носат ова име слават именден...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg