30 работи што треба да ги направите пред да наполните 30 години
Многу често забораваме навистина да живееме и да даваме приоритет на некои работи, па затоа додека ги преживуваме нашите 20-ти во потрага по работа и кариера, безосетно стасуваат нашите 30-ти.
Полнењето на 30 години означува многу работи. Означува дека е време да го сфатиме животот посериозно и треба да внимаваме на секоја одлука која ја донесуваме, а влијае врз нашата иднина.
Затоа повторно направивме листа од работи што треба да ги направите пред 30-та година, кои ќе ви го зголемат адреналинот и ќе ја разбудат желбата за живот.
Одберете неколку приоритетни и во новата година почнете да ги остварувате:
1. Отидете сами на некое патување и уживајте во своето друштво. Искористете го тоа патување не само за да истражите некој нов град или држава туку духовно да се истражите и самите себе.
2. Најдобар период за да почнете да штедите пари се крајот на вашите 20-ти години, па затоа пред да наполните 30 години имајте си тргнато некоја пара „настрана“.
3. Оставете ги настрана вашите лоши навики како пушењето цигари и пиењето премногу алкохол.
4. Научете да зборувате најмалку 2 странски јазици.
5. Купете си нешто скапо што отсекогаш сте го посакувале.
6. Отидете на некој музички фестивал и журкајте се до сабајле.
7. Поминувајте време со вашите баба и дедо, редовно бидете во контакт и разговарајте со нив.
8. Доколку работите работа која ја мразите, најдобро е да дадете отказ, затоа што доколку сега не го направите тоа никогаш подоцна нема да се одлучите на таков чекор.
9. Бидете физички активни редовно, за подоцна во вашите 30-ти телото да ви биде благодарно.
10. Истрчајте барем еден маратон.
11. Отидете сами на вечера во некој мирен ресторан и уживајте во тишината.
13. Вдомете си домашно милениче.
14. Волонтирајте на многу манифестации и донирајте облека и пари колку што почесто можете. Секогаш бидете благодарни за тоа што го имате, затоа што некој нема ни толку.
15. Одете на патување со автомобил со 2-3 најблиски пријатели, без многу пари и уживајте во незаборавното искуство и авантура, кои ќе произлезат од креативноста за да „преживеете“.
16. Посетете колку што можете повеќе места низ Европа, заедно со нивните историски музеи, галерии, фестивали…
17. Предизвикајте се самите себе со скокање од голема надморска височина со падобран или банџи џампинг.
18. Најдете ги вистинските пријатели и оние личности кои ќе ве поддржуваат цел живот.
19. Престанете да живеете за вашиот совршен живот на социјалните мрежи и научете како да живеете во моментот.
20. Земете си подолг одмор, заминете на омиленото место со најблиските пријатели и „изолирајте“ се од светот и обврските.
21. Истетовирајте се ако подолго време се двоумите за тоа.
22. Одете на спортски натпревар во живо и гледајте го омилениот тим пред да наполните 30, за да „искусите“ и такво доживување.
23. Научете да готвите неколку специјалитети по ваш вкус и импресионирајте ги сите ваши гости, пријатели и роднини.
24. Месечно штедете пари од вашата плата за во вашите 30-ти да можете да си го дозволите животот што сте го посакувале.
25. Планинарете и искачете се на некоја планина - воодушевувајте му се на погледот кога ќе стигнете на врвот.
26. Планината од претходната реченица нека ви биде и метафора за животот, работете напорно во вашите 20-ти за во вашите 30-ти веќе да се искачите на врвот и да уживате во „погледот“ за кој напорно сте се труделе.
27. Пробајте да нуркате, да лизгате на мраз, да скијате, да куглате или впуштете се во некој екстремен спорт.
28. Организирајте кампување и заедно со вашите пријатели поминете неколку денови под отворено небо.
29. Посетете или организирајте некоја забава или манифестација со дрес код или пак забава под маски или маскенбал - но вистински влезете во улога.
30. Научете да уживате во животот и да го цените секој момент од истиот, без никаква напнатост дека годините се мерило или пак граница за нешто да се постигне или пак да се проба нешто ново.
Т. Ѓ. | Црнобело