Најдепресивниот месец во годината - како да ги избегнете замките на јануари и да се чувствувате подобро?
Секој од нас носи различни одлуки на почетокот на годината, но ваквите популарни новогодишни резолуции брзо паѓаат во заборав, што нè прави да се чувствуваме уште полошо.
Јануари е најдепресивниот месец во годината, а 24-тиот ден од месецот е регистриран како најдепресивниот ден во годината. Не е тешко да се види зошто е тоа така. Сметките се трупаат, а ние веќе сме се потрошиле за празниците.
Ова е студен и мрачен период од годината кога луѓето не се чувствуваат особено добро.
Сепак, не е невозможно да се чувствувате сосема добро дури и во долгиот јануари.
Еве што може да направите за да ги избегнете замките на најдепресивниот месец во годината:
Престанете да ги правите работите во кои не уживате
Преку глава ви е од големите фамилијарни ручеци? Не сакате да се дружите повеќе со здодевната колешка? Не уживате во вашето хоби како порано? Лесно е, оддалечете се полека од сите луѓе и работи кои ви предизвикуваат стрес и нервози. Самотијата понекогаш е благослов.
Темелно исчистете еден дел од домот
Откако ќе го исчистите работниот простор или кој било друг дел од вашиот дом, било тоа да е кујната, дневната или спалната соба. Откако ќе се ослободите од вишокот непотребни работи, ќе се чувствувате ослободено од нередот, како повторно да можете да дишете непречено.
Излезете на светлина
Сонцето и светлината се многу повеќе од празни совети, тие сериозно влијаат на работата на нашиот организам и регулирањето на хормоните. Сакате да бидете среќни? Излезете на дневна светлина и уловете малку сонце, макар морале да отидете и неколку дена на планина.
Испробајте нешто ново
Кога пробувате нешто сосема ново, вашиот мозок создава нервни врски и се зголемува активноста на мозокот. Дури и кревањето нешто со левата рака (доколку десната ви е примарна) може да биде добро за вас.
Пробајте нов рецепт, нова фризура, дадете ѝ шанса на јогата, на модерните танци, што било по ваш вкус, нешто што одамна сте сакале да го испробате, а постојано сте одложувале.
Направете список на научени лекции
Добро е да запомните што сè научивте минатата година и да направите список на паметните одлуки, но и на грешките со цел да не ги повторите. Ова сигурно ќе го подобри вашето расположение во првиот месец, избегнувањето на замките од минатото.
(О)Милена | Црнобело