Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Швајцарците го следат „федеризмот“, Турците си го гледаат ќеифот – „Рецепти“ за посреќна година од 13 земји

Данска

Иако Данците не се воркохолици, тие имаат посебен однос кон нивната работа. Тие имаат и збор, „arbaidsglu“, што ги означува среќата и радоста на работното место.

За да го постигнете ова, не треба да ја гледате работата само како рутина. Истовремено, важно е да придонесете за развојот на компанијата во којашто работите.

recepti-za-srekja-od-razni-drzhavi-shirum-svetot-da-dobar-pochetok-na-godinata-07.jpg

Хаваи

Жителите на Хаваи одамна настојуваат да живеат во мир, да се почитуваат едни со други и да се однесуваат добро кон нивната околина.

Според нив, за да бидете среќни, најважно е да дадете нешто. Треба да правите работи што ви причинуваат задоволство и вам, но и на вашите сакани.

recepti-za-srekja-od-razni-drzhavi-shirum-svetot-da-dobar-pochetok-na-godinata-08.jpg

Норвешка

На Норвежаните особено важна им е удобноста. Па каде и да се, се обидуваат да им биде што е можно поудобно. Тие имаат и збор за оваа желба за удобност – „goat“.

Воопшто не е тешко да ја почувствувате среќата на Норвежаните. Сè што треба да направите е да создадете удобна атмосфера во домот и вашето опкружување.

recepti-za-srekja-od-razni-drzhavi-shirum-svetot-da-dobar-pochetok-na-godinata-09.jpg

Уганда

Веројатно ја имате слушнато песната „Hakuna Matata“ од „The Lion King“. Оваа фраза буквално може да се преведе како „без грижи“ и ја означува желбата на луѓето да ги заборават проблемите и да ја гледаат позитивната страна на животот.

За да го почувствувате ова, обидете се да се смеете барем на секои 2 часа. Истовремено, „истерајте“ ги негативните мисли со забавен танц.

recepti-za-srekja-od-razni-drzhavi-shirum-svetot-da-dobar-pochetok-na-godinata-10.jpg

Франција

Французите секогаш одвојуваат време за размислување пред да направат нешто и никогаш не се обидуваат одеднаш да завршат сè.

Тие се водат според принципот „помалку и побавно“ и никогаш не го изоставаат времето за релаксација.

За да бидете како нив, одвреме-навреме оттргнете се од обврските и направете кратка пауза. Истовремено, обидете се да ги купувате само неопходните нешта.

recepti-za-srekja-od-razni-drzhavi-shirum-svetot-da-dobar-pochetok-na-godinata-11.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

12 совети за безбедност што треба да ги знаете – можат да значат живот Кога одите на непозната локација, како сала за концерт, секогаш разгледајте кој ...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
11 знаци дека сте наивна личност (карактеристиката број 7 ја имаат многу Македонци) Број 1: Имате преголема доверба во авторитетите – и сè што ќе ви кажат го правит...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg