Швајцарците го следат „федеризмот“, Турците си го гледаат ќеифот – „Рецепти“ за посреќна година од 13 земји
Данска
Иако Данците не се воркохолици, тие имаат посебен однос кон нивната работа. Тие имаат и збор, „arbaidsglu“, што ги означува среќата и радоста на работното место.
За да го постигнете ова, не треба да ја гледате работата само како рутина. Истовремено, важно е да придонесете за развојот на компанијата во којашто работите.
Хаваи
Жителите на Хаваи одамна настојуваат да живеат во мир, да се почитуваат едни со други и да се однесуваат добро кон нивната околина.
Според нив, за да бидете среќни, најважно е да дадете нешто. Треба да правите работи што ви причинуваат задоволство и вам, но и на вашите сакани.
Норвешка
На Норвежаните особено важна им е удобноста. Па каде и да се, се обидуваат да им биде што е можно поудобно. Тие имаат и збор за оваа желба за удобност – „goat“.
Воопшто не е тешко да ја почувствувате среќата на Норвежаните. Сè што треба да направите е да создадете удобна атмосфера во домот и вашето опкружување.
Уганда
Веројатно ја имате слушнато песната „Hakuna Matata“ од „The Lion King“. Оваа фраза буквално може да се преведе како „без грижи“ и ја означува желбата на луѓето да ги заборават проблемите и да ја гледаат позитивната страна на животот.
За да го почувствувате ова, обидете се да се смеете барем на секои 2 часа. Истовремено, „истерајте“ ги негативните мисли со забавен танц.
Франција
Французите секогаш одвојуваат време за размислување пред да направат нешто и никогаш не се обидуваат одеднаш да завршат сè.
Тие се водат според принципот „помалку и побавно“ и никогаш не го изоставаат времето за релаксација.
За да бидете како нив, одвреме-навреме оттргнете се од обврските и направете кратка пауза. Истовремено, обидете се да ги купувате само неопходните нешта.
Спирова С. | Црнобело