Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Швајцарците го следат „федеризмот“, Турците си го гледаат ќеифот – „Рецепти“ за посреќна година од 13 земји

Кога размислувате за разликите помеѓу државите, најверојатно прво помислувате на јазиците, валутата, но и културата.

recepti-za-srekja-od-drzhavite-shirum-svetot-za-dobar-pochetok-na-godinata-01.jpg

А, токму културата помага да дознаете за вредностите на еден народ и нивниот поглед кон светот. Од ова, пак, лесно можете да извлечете и некоја поука за среќа.

Во продолжение погледнете ги „рецептите“ за среќа од неколку држави ширум светот, што ќе ви помогнат да ја направите годинава најдобра до сега.

Италија

Италијанците имаат филозофија наречена „bella figura“, која се родила од нивната желба да се облекуваат убаво и секогаш да оставаат добар прв впечаток. Фразата може буквално да се преведе како „убава фигура“.

За да ја примените оваа филозофија, обрнете внимание на ситниците во животот. Кога шетате, набљудувајте го светот околу вас. Кога јадете, уживајте во секој залак. Кога одбирате облека, размислете за секој детаљ од вашата комбинација…

recepti-za-srekja-od-razni-drzhavi-shirum-svetot-da-dobar-pochetok-na-godinata-02.jpg

Ирска

Ирците се дружељубиви луѓе, па нив им е навистина важна врската со пријателите и семејството. Во Ирска постои и збор кој означува чувство на припадност – „kreik“.

Па, ако сакате да бидете среќни како Ирец, одете на спортски натпревар со пријателите, организирајте дружба во вашиот двор или излезете некаде на кафе.

Индија

Во Индија се ценат квалитетите како флексибилност и снаодливост. Локалните жители ги гледаат старите предмети од нова перспектива и успеваат да ги претворат во нешто убаво и корисно.

Понекогаш тие се присилени да ги рециклираат предметите што веќе ги имаат поради густо населените места, но овој трик би помогнал секому.

Ако сакате да бидете среќни како Индијците, барајте необични решенија на вашите проблеми. Најважно е да ја активирате вашата креативност.

recepti-za-srekja-od-razni-drzhavi-shirum-svetot-da-dobar-pochetok-na-godinata-03.jpg

Турција

Во Турција навистина се ценат релаксацијата и мирот, а зборот „keyf“ се користи за да се опише чувството на среќа и задоволство. 

За да ја почувствувате хармонијата на Турците, обидете се да не брзате. Одвојте време за релаксирачка прошетка или барем неколку минути уживајте во шолја кафе.

Шведска

Швеѓаните го ценат минимализмот, како и свесното консумирање. Тие најдобро ја опишуваат среќата со зборовите „не премногу, не премалку, туку доволно“.

Не е тешко да го постигнете нивното ниво на среќа. Доволно е да имате неколку парчиња облека и нема потреба да ги менувате секоја сезона.

Домот опремете го само со неопходните работи и ослободете се од сè што ви е непотребно. Истовремено, јадете едноставна храна и обидете се да правите помалку отпад.

recepti-za-srekja-od-razni-drzhavi-shirum-svetot-da-dobar-pochetok-na-godinata-04.jpg

Јапонија

Љубовта кон природата на Јапонците помогнала во раѓањето на филозофијата „wabi-sabi“. Овој збор означува прифаќање на несовршеностите и наоѓање убавина во сè. Односно, прифаќање на природниот циклус на создавање и уништување.

Одовде произлегува и техниката позната како „kintsugi“, односно уметност на реставрирање. Кога Јапонците ќе скршат некој сад, тие не го фрлаат, туку го поправаат, најчесто со злато, со тоа давајќи му нов живот.

recepti-za-srekja-od-razni-drzhavi-shirum-svetot-da-dobar-pochetok-na-godinata-05.jpg

Шкотска

Шкотланѓаните ја сакаат нивната култура и уживаат во храната направена според древни рецепти.

За да се чувствувате среќно како нив, почнете да ја цените вашата држава. Патувајте низ неа и научете ги сите традиции и адети.

Швајцарија

Швајцарците имаат цела идеологија за среќа која е именувана според тенисерот Роџер Федерер. „Федереризмот“ ги симболизира контролата, прецизноста, чистотата… Односно, квалитети што ги поседува познатиот тенисер, а коишто се прифатени и од локалните жители.

Според Швајцарците, за да бидете среќни, треба да успеете во нешто. Ако постигнувањето на професионалните и приватните цели ви причинува задоволство, слободно можете да кажете дека ја следите идеологијата.

recepti-za-srekja-od-razni-drzhavi-shirum-svetot-da-dobar-pochetok-na-godinata-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Жените го имаат главниот збор, мажите го земаат нивното презимe: Интересни факти за племето Кхаси од... Мажот во куќата доаѓа како домазет, целиот имот останува на најмалата ќерка, а а...
Кул трикови што ќе ви се најдат кога престојувате хотел Испеглајте ја облеката со пареа во бањата, а доколку треба да исперете нешто во ...
3 психолошки причини заради кои секогаш сте несреќни + Што треба да промените? „Тоа што верувате дека сте во право за тоа што се жалите, не значи дека таквиот ...
Најчести грешки во различни земји поради кои локалците веднаш ќе сфатат дека сте туристи Во Јапонија не е културно да се јаде на улица, жените во Турција на прекрстуваат...
Зелен чај против лош мирис и уште 6 трикови со кои чевлите ќе ви бидат удобни и ќе личат на нови Долгото одење или стоење во салонки не е секогаш пријатно. По некое време п...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg