Идентификувајте ја разликата помеѓу тагата и депресијата и дознајте: Зошто плачеме?

Плачењето е чудна работа која со години не можеме целосно да ја објасниме.

Identifikuvajte-ja-razlikata-pomegju-tagata-i-depresijata-i-doznajte-Zoshto-placheme 01 630x340.jpg

Дарвин ги прогласи солзите за „бесмислени“ пред околу 150 години, но дали оваа за некого честа „навика“ е бесмислена?

Плачењето е природен одговор на емоциите или надразнувачите, како на пример прашина во очите.

Солзите имаат за задача да го заштитат окото. Од друга страна пак, луѓето пролеваат солзи како одговор на низа емоции. Овие солзи содржат повисоко ниво на хормони на стрес од другите видови солзи.

Првото нешто го правиме доаѓајќи на овој свет е плачот.

Како деца плачеме отворено и без срам, често и без причина со цел да го добиеме она што го сакаме, но како што растеме и влегуваме во светот на возрасните, плачењето е нешто кое преферираме да го „заробиме“ помеѓу нашите четири ѕида.

Голем процент на мажи сметаат дека за нив како претставници на посилниот пол, плачењето е неприфатливо, додека пак жените се обвинети дека се премногу емотивни.

Од каде потекнува сето ова? Зошто воопшто плачеме и колку е тоа „премногу“?

„Се исплакав и сега се чувствувам подобро“

Веројатно секој од нас би се согласил дека по плачењето навистина се чувствуваме полесно. Верувале или не, се работи за факт кој е научно поткрепен и заснован врз хемиска основа.

Емотивните солзи се различни од рефлексните (кои негуваат и го штитат вашето очно јаболко).

Тие имаат повисоки концентрации на хормони на стрес, содржат природни лекови против болки и го стимулираат производството на ендорфин - хормоните кои имаат улога да нѐ направат среќни и задоволни.

Така, емоционалните солзи може да послужат како „емоционален ублажувач на болката“.

Социјалната функција: „Секогаш можеш да се потпреш на мене“

Сигурно знаете колку е значајно чувството да утешите некој што плаче или пак некој да ви подаде рака во вашите најтешки мигови.

Чудно е како постојаноста на емотивните солзи ги прави „полепливи“ од другите солзи. Тие се потиснуваат навистина побавно од останатите видови на солзи.

Уште еден интересен факт е дека тркалањето на емотивните солзи исто така оди побавно од останатите.

Некои научници ова го гледаат како понатамошен доказ дека емоционалните солзи имаат социјална функција.

Плачот може да биде начин за комуникација со оние околу нас, индиректно кажување дека имаме потреба од убав збор, поддршка и разбирање.

Оние кои ја имаат „утешната улога“ чувствуваат емпатија, сочувство и евентуално благодарност што им се доверило нешто толку лично.

Откривањето на нашата ранливост кон другите може да ги зајакне нашите односи и да ни помогне да ги надминеме тешките периоди со помош на другите.

Identifikuvajte-ja-razlikata-pomegju-tagata-i-depresijata-i-doznajte-Zoshto-placheme 02 630x380.jpg

Емоционална рамнотежа - „Добри времиња, лоши времиња“

Третата теорија предлага плачење како витален дел од избалансиран емотивен живот.

Со посложени зборови: начин за одржување на емоционална хомеостаза или емоционална рамнотежа.

Ова значи дека плачењето, исто како и смеењето е човечка потреба, односно „услов“ за да останете ментално здрави.

Според оваа теорија, чувствата на срам или вина, кои го попречуваат овој процес на олеснување се непотребни, па дури и контрапродуктивни.

Едноставно кажано: Ако чувствувате потреба да плачете, не потиснувајте се себеси и вашите солзи.

На крајот на краиштата, нашите емоции се краткотрајни сензации. Ние не сме создадени за постојана среќа, ниту пак за постојана тага.

Тагата и солзите не можат да се измерат

Некои луѓе навистина сакаат да се исплачат, но едноставно солзите не доаѓаат. Други пак ронат солзи брзо и почесто, дури и кога не се толку тажни.

Може да биде фрустрирачки кога она што го чувствуваме не е во согласност со она што можеме да го изразиме.

Но, осудувајќи се себеси за нешто што не можеме да го контролираме нема да ни помогне.

Без разлика дали плачете често или многу ретко, солзите се ваши. И покрај тоа, тагата се доживува одвнатре.

Никој не може да го мери нејзиниот интензитет однадвор и никој не треба ни да се обиде, дури ни вие самите.

Identifikuvajte-ja-razlikata-pomegju-tagata-i-depresijata-i-doznajte-Zoshto-placheme 03 630x390.jpg

Мажите не плачат?

Дури и во денешно време постојат многу луѓе кои веруваат дека мажите мора да бидат „јаки“ и никогаш да не покажуваат ранливост. Дали мажите навистина плачат помалку од жените?

Студија во 2002 година разгледала 31 земја и открила дека мажите од секоја земја плачеле значително помалку од жените.

Во просек, мажите плачеле еднаш месечно, додека жените плачат 2-3 пати месечно. Сепак, постои силно културно влијание врз ова.

На пример, жените во Перу плачеле помалку од американските мажи. Пред 12-годишна возраст, момчињата и девојчињата плачат подеднакво. Со влегувањето во пубертет се јавуваат родовите разлики.

Без разлика на вашето размислување за родовите улоги, чувството под притисок околу природен механизам за справување, кој всушност треба да го намали притисокот, е навистина штетен.

Табуто за машкото плачење и покажувањето на нивната ранливост може да доведе до далекусежни последици и да создаде огромна низа предизвици, како анксиозност и депресија.

Identifikuvajte-ja-razlikata-pomegju-tagata-i-depresijata-i-doznajte-Zoshto-placheme 04 630x380.jpg

„Доста е со плачење“

За ова не постои универзално правило, затоа што контекстот игра исклучително важна улога.

Ако сте во тага, на пример, по загубата на некој близок, плачењето е израз со кој ја ослободувате вашата горчина.

Идентификувањето на разликата помеѓу тагата и депресијата е неопходно.

Можеби не само што плачете често, туку и се чувствувате скршено, имате помалку енергија, помалку радост во повеќето работи или помалку апетит.

Можеби се чувствувате виновни, имате многу ниска самодоверба или помалку концентрација.

Доколку е така, се соочувате со симптоми на депресија.

Можеби не знаете ни зошто плачете.

Дали се чувствувате како вашиот секојдневен живот е под влијание на сето ова?

Доколку одговорот е ДА, не чекајте, веднаш побарајте стручна помош.

Identifikuvajte-ja-razlikata-pomegju-tagata-i-depresijata-i-doznajte-Zoshto-placheme 05 630x380.jpg

Како заклучок, плачењето е далеку од бесцелно.

Без разлика какви сте, вашата „шема“ на плачење е дел од вас и учењето да го прифатите тоа ќе ве приближи еден чекор побргу да го пронајдете мирот во себе.

Во исто време, важно е да се признаат знаците на депресија и вознемиреност кога ќе се појават, наместо да ги минимизирате.

Стресот и исцрпувањето можат да влијаат на нашето ниво на емоционалност, но исто така справувањето со нив нè прави имуни и појаки.                                                                                             

Не заборавајте, емоциите се важен и прекрасен дел кој нѐ учи што значи да се биде човек.

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...
6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Примери за подвоени стандарди меѓу мажите и жените што (за жал) сè уште се прифатени, низ илустрации Во приказните, мажот што лета е „супермен“, а жената е „вештерка“. Кога тато ги ...
Погрешно vs. правилно: Инфлуенсерка открива трикови за позирање за совршени Инстаграм фотки Наместо да застанете свртени со грб кон камерата и да се завртите благо наназад,...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg