Јазикот на жените
Постојат мртви и живи јазици, постојат јазици кои се изучуваат во училиште и на факултет, постои дури и есперанто како универзален јазик, а постои...
...и јазик кој на мажите им е непознаница, јазик со кој се служат жените и кој не е лесно да се дешифрира, иако се што е изговорено звучи многу јасно.
Колку пати сте се нашле во ситуација да ви треба преведувач за да разберете што ви зборува партнерката во даден момент?
Тоа се оние реченици кои сокриваат некоја подлабока и покомплицирана порака, реченици кои го потврдуваат правилото дека жените зборуваат една работа, а всушност мислат на милион други.
Кај мажите работите се поедноставни. Секогаш кога мислат на нешто друго што е вон контекст на ситуацијата во која се наоѓаат, мислат на секс.
Но, не треба да нагласуваме дека погледот мораат да го држат подалеку од задникот и градите на друга жена кога партнерката е присутна. За жените постапката на меркање некоја друга кога таа е присутна значи дека повеќе не сте заинтересирани за неа.
Ако мажите не сакаат ништо повеќе од едноставна и несериозна романса, можеби е подобро да бараат и понатаму. Мажите не треба да трошат енергија на дешифрирање на женското однесување освен ако целта не е јасно одредена.
Ако некоја личност им се допаѓа, тогаш вреди да се ризикува - покажете се како сериозни и упорни.
Жените често имаат конфликтен однос со својата сексуалност и потребно им е да добијат потврда како би се чувствувале достојни на задачата која им е дадена.
Затоа, добро е, на чист машки јазик да се потсетуваат коку се посакувани и колку водењето љубов со нив е посебно. Најдобро е двајцата да се препуштат на говор на телото.