5 подароци кои не чинат многу, но се бесценети
Подароците се неопходен дел од Божиќ, а празниците се период кога, на некој начин, ни е нajлесно да го извадиме паричникот од торбата и да влегуваме во минуси, за да ги расположиме оние што ги сакаме.
Постојат подароци чија материјална вредност не е голема, но кои имаат непроценлива вредност за личноста на која се наменети.
Ова се подароци кои, дури и без да ги испразните вашите сметки, покажуваат дека ги сакате, слушате, цените и почитувате луѓето околу вас:
1. Заедничка фотографија во рамка
Времето на купување филмови за фотоапарати и носење на истите во фото студио за да ги развиеме, со надеж дека испаднавме добро, е далеку зад нас. Денес сме сите опремени со барем мобилни телефони и можеме да го фотографираме секој момент од нашите животи.
Затоа е добра идеја да врамите некоја заедничка фотографија, која ќе остане дел од вашиот живот дури и кога ќе се распаднат мобилните телефони, лаптопите, компјутерите, надворешните дискови и сите други уреди.
2. Тегла полна со убави пораки
Сите понекогаш се будиме размислувајќи дека не можеме да чекаме да заврши денот и да се вратиме во кревет. Убава порака во едно такво утро сигурно ќе ја подобри ситуацијата, барем малку.
Затоа, купете тегла, земете хартија и започнете да ги пишувате убавите пораки на некој што го сакате.
3. Свеќа во тегла со персонализирана порака
Ова е многу едноставен порарок за правење. Купете мирисливи свеќи во тегла и напишете убава порака, која можете да ја отпечатите за да изгледа поубаво, и залепите ја на теглата.
4. Ваучери за дружење со вас
Поради обврските, честопати немаме време да се дружиме со оние што ги сакаме. Ако сакате да посветите повеќе од вашето време на некој за кој се грижите во наредната година, направете ваучери за дружење.
Лесно е - напишете на лист хартија за што е ваучерот, може да биде за кафе, вечера, шетање или кино. Секој пат кога таа личност ќе сака да направи една од овие активности, ќе имаа ваучер за вас, а вие едноставно нема да можете да кажете „не“.
5. Книга „50 причини зошто те сакам“
Купете мала тетратка или дневник и започнете со „пишување на книгата“. Насловот може да биде „50 причини зошто те сакам“ и знаете за што ќе биде таа „книга“.
Можеби имате и друга идеја што ќе биде уште подобра, кога станува збор за лицето на кое му е наменет подарокот. Персонализирана „книга“ е најдобар подарок што никогаш нема да се заборави.
Ашера | Црнобело