Три големи животни „грешки“ за кои не вреди да жалите
Некои од овие потези ги перципираме како наши грешки, а некои грешки така ги перципираат луѓето околу нас, иако ние се чувствуваме лошо кога ги правиме.
Она што овие „грешки“ имаат заедничко е дека никогаш не треба да жалиме за нив, затоа што истите се добри за нас, долгорочно.
Ова се три животни „грешки“ за кои не вреди да жалиме:
1. Се за заљубивте во погрешна личност
Можеби ова не звучи логично за секого, но понекогаш едноставно не сфаќаме што навистина заслужуваме додека не го доживееме она што дефинитивно не е добро за нас.
Луѓето честопати се заљубуваат во личности кои не се доволно добри за нив, кои не ги почитуваат и не ги третираат како што треба.
Им простуваме затоа што веруваме дека можат да се променат, а само кога таков човек ќе ни го скрши срцето стануваме свесни колку вредиме. Затоа никогаш не жалете за раскинати врски со погрешни личности.
Овие искуства често нè учат да препознаеме каков партнер навистина заслужуваме.
2. Дадовте отказ
Ова е еден од потезите што најчесто ги осудува околината. Меѓутоа, ако не сте задоволни од работата што ја работите, без разлика дали е добро или слабо платена, имате право да барате среќа во друга работа, без оглед на тоа што мислат другите за тоа.
Вие заслужувате можност да ги постигнете своите цели и да работите на свое подобрување, така што нема смисла да жалите што ја напуштивте работата што ве прави длабоко несреќни.
3. Научивте да кажете „не“
Во нашиот внатрешен круг на пријатели и семејство честопати влегуваат личности кои навистина не ни посакуваат добро. Тие се нарекуваат „токсични“ луѓе, а меѓу главните карактеристики на таквите лица е изразена негативна енергија, потреба за критика, постојано осудување на туѓите постапки и себичност.
Токсичните луѓе кои не се дел од нашиот круг полесно се отстрануваат од животот, но кога се работи за наши пријатели или членови на семејството, многу е потешко да се ослободиме од нивното негативно влијание.
Меѓутоа, ако имате храброст да го сторите тоа и ако научивте да кажувате „не“, немате за што да жалите. Во овие ситуации, другите луѓе понекогаш нè убедуваат да им дадеме втора шанса, или не обвинуваат за нашите постапки, но не се мачете со тоа.
Она што го направивте не е грешка, туку паметен потег.
Ашера | Црнобело