10 ситуации во кои сите реагираме погрешно
Дали ги миете забите веднаш после јадење? А, дали ја навалувате главата наназад кога ви тече крв од носот?
Ова се работи што ги правиме речиси сите, најмногу бидејќи мислиме дека така треба. Но, изгледа дека грешиме за многу нешта.
Во продолжение погледнете во кои ситуации најчесто реагираме погрешно, и што всушност треба да правите во тие моменти:
Не дувајте во храната на детето
Ако храната што му ја давате на вашето дете е жешка, веројатно имате навика да дувате во неа. Но, на овој начин само ги разнесувате вашите бактерии од устата.
Овие бактерии, пак, можат да бидат причина за кариес кај детето, дури и ако забите не му се целосно пораснати. Причината е што во овој период на развој, детските заби се најранливи.
Па наместо да ја дувате храната, подобро оставете ја сама да се излади.
Не ја навалувајте главата кон назад кога ви тече крв од носот
Можеби мислите дека на овој начин ќе го сопрете крвавењето. Но, целата крв од носот може да заврши во вашето грло и да ве задуши.
Кога ви тече крв од носот, затнете го носот со вашите прсти. Држете ја главата исправена сè додека не запре крвавењето.
Не ја кревајте личноста која изгубила свест
Луѓето најчесто губат свест кога им се намалува крвниот притисок. Поради ова, до мозокот стигнува помалку крв.
Ако ја кренете личноста која изгубила свест, дополнително ќе го намалите дотокот на крв до мозокот.
Во овој случај, важно е да ја поставите главата на личноста пониско од нејзините гради. Откако личноста ќе се разбуди, осигурете се дека се чувствува добро и дека нема некој друг проблем. Секако, во меѓувреме може да побарате и итна помош.
Немојте да го шмукате отровот ако ве касне змија
Иако е мала веројатноста да ве касне отровна змија, ако сепак доколку дојде до тоа, немојте никако да го шмукате отровот од каснатото место. Едноставно, од тоа нема никаква корист.
Денес постојат ефективни противотрови, па каснувањето од змија е фатално во само 0,05% од случаите.
Aко се најдете во ваква ситуација, важно е да мирувате за да го спречите ширењето на отровот. Се разбира, веднаш повикајте и брза помош.
Немојте да ги миете забите веднаш после јадење
Ако ги миете забите веднаш после оброк, само си правите штета. На овој начин го оштетувајте емајлот (глеѓ) – заштитниот слој на забите.
Забите треба да ги миете наутро, пред појадок и навечер пред спиење. Доколку сепак сакате да ги измиете после јадење, почекајте барем 40 минути.