Клучни работи за среќа
Среќни сме ако го правиме она што го сакаме. Среќни сме кога ги правиме и другите да бидат среќни. Кога правиме добри дела, кога слушаме добри вести.
Како да бидете посреќни секој ден?
1. Поделете комплименти барем на 3 личности во текот на денот.
2. Гледајте го изгревот на сонцето.
3. Први кажете „здраво“.
4. Живејте под своите можности.
5. Кон луѓето однесувајте се онака како што сакате тие да се однесуваат со вас.
6. Запомнете го името на оној со кој сте се запознале.
7. Ценете мудрост и храброст.
8. Не кревајте раце од ништо – чуда се случуваат.
9. Имајте остар ум – но, благо срце.
10. Одржувајте ги ветувањата.
11. Бидете весели дури и кога не се чувствувате така.
12. За она што вам ви се чини дека ќе успее преку ноќ, најчесто требаат минимум 5 години.
13. Победниците ги прават оние работи кои губитниците само ги посакуваат.
14. Кога ќе дојдете на работа потрудете се да им го разубавите денот на колегите.
15. Не ја расипувајте туѓата среќа.
16. Не пропуштајте прилика да кажете некому дека го сакате.
17. Некои работи вреди да ги сочувате само за себе.
Испуштивме ли нешто? Слободно дополнете ја листата во коментарите.