Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Најдобрите оптички илузии за 2019-та година

Helix Rotation, Артур Г. Шапиро

Илузијата се состои од две колони точки кои се движат лево-десно. Движењето на точките наликува на 3-димензионална ротирачка спирала. Но, кога ќе ја „замаглете“ сликата, или кога ќе дефокусирате, ќе забележите дека спиралата се движи нагоре/надоле.

3D Graffiti, Џек Бауерс

Оваа илузија ќе ве натера да се посомневате во вашата перцепција. Од една страна, формата изгледа како совршен квадар, но кога се менува перспективата, се менува и целата форма.

Magic Tic-Tac-Toe, Џиани А. Сарконе

На оваа илузија се гледа табела за играта „икс-точка“. Позадината е зелена, а полињата се одделени со розови линии.

Навидум, целата позадина има иста боја, но кога ќе се тргнат линиите, ќе забележите дека позадината има две нијанси.

The Chunder Thunder Illusion, Мајк Пикард и Груприт Синг

На оваа илузија е претставена слика од 17-тиот век и изгледа како брановите, бродот и облаците да се движат. Но, ова движење што го перципираме е само илузија.

Ambiguous Cardboard Arrows, Мет Причард

Кога ја гледате оваа „направа“ од една перспектива, изгледа како да се состои од стрелки свртени кон лево. Но ако ја гледате во огледало, изгледа како стрелките да се свртени кон десно. 

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

8 изуми кои ги создале жени, а без кои светот ќе беше сосема поинаков Аквариум, чистач за снег - жените стојат зад многу значајни изуми без кои светот...
Низ фотки - Како изгледал светот во 1925-та и што се случувало пред 100 години? Во 1925 година животот на луѓето изгледал многу поразлично од ова што ние го зна...
Најбизарните рекорди во светот (кои не треба да пробате да ги срушите) Дали би се осмелиле да поминете 10 дена затворени во ковчег? А, дали би ставиле ...
8 запросувања, Адел прекина концерт за да гледа трка: Интересни факти за ЛОИ во Париз (a немаат врск... Иако на прва ќе си помислите дека Новак Ѓоковиќ, Симон Бајлс (поради бројот...
Најчудните растенија ширум светот (фото) Ако погледнеме малку подлабоко, ќе сфатиме дека природата е вистински уметник ко...
15 фото-докази дека Австралија е необично место за живот Австралија е прекрасен континент - убави градби, уникатна флора и фауна, дом на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg