Најдобрите оптички илузии за 2019-та година

Веќе 15 години непрофитната организација Neural Correlate Society и Museum of the Mind ги охрабруваат научниците и уметниците ширум светот да се пријават на натпреварот Најдобра илузија на годината.

najdobrite-optichki-iluzii-za-2019-ta-01.jpg

Секој учесник треба да испрати видео со неговата илузија, а ова е одлична можност да ги видиме талентите и креативноста на луѓето од сите краеви на светот.

Во финалето беа избрани 10 најдобри илузии, од кои победникот доби парична награда од 3.000 долари.

Годинава првото место му припадна на Френк Форс. Неговата илузија Dual Axis Illusion е форма којашто се врти, а гледачот треба да одреди дали ротира околу вертикалната или хоризонталната оска.

Секое од видеата има и објаснување за илузијата, а во продолжение можете да ги погледнете 10-те финалисти:

Dual Axis Illusion, Френк Форс

Ова е најдобрата илузија за оваа година. Во видеото има неколку визуелни знаци што можат да ви помогнат да одредите околу која оска се врти формата.

Change the Color, Харуаки Фукуда

Дали гледате зелени и црвени точки кои се движат од горе кон долу, или жолти точки кои се движат од лево кон десно?

Во зависност од тоа кое движење го перципирате, бојата што ја гледате се менува.

The Rotating Circles Illusion, Рајан Е.Б. Мурцек и Гидеон Пол Капловиц

Во оваа илузија, кругот во средината постојано се движи на ист начин. Но кога ќе се додадат другите кругови, движењето на средниот изгледа изместено.

Bodiject Fingers, Кенри Кодака

Можете ли да ги „гледате“ вашите прсти како предмети? Оваа илузија го овозможува токму тоа. Илузијата се изведува со помош на огледало и предизвикува чудно чувство – ве тера да мислите дека вашите прсти се трансформирани во некој предмет.

Facing-Right Illusion, Кокичи Сугихара

Предметот во илузијата наликува на птица свртена кон десно. Дури и да ја свртите птицата за 180 степени, таа повторно ќе биде свртена кон десно.

Предметот е направен од цврст материјал, но изгледа како постојано да ја менува формата додека ротира.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Без предрасуди и табу теми - Како треба да се однесува жената во 40-тите? Треба да сака со целата своја сила, да патува во светот, да си најде љубовник ак...
Ретро кујнски апарати што нашите баби (веројатно) ги користеле Сте виделе ли миксер кој не работи на струја? А, сте виделе ли како изгледале не...
Тешкиот живот на мајката на Џеф Безос – Го родила на 16 години, немала пари Мајката на еден од најбогатите луѓе во светот имала исклучително тежок живот и с...
8 изуми кои ги создале жени, а без кои светот ќе беше сосема поинаков Аквариум, чистач за снег - жените стојат зад многу значајни изуми без кои светот...
Емотивна приказна на мајка од Африка: Ѝ ја украле ќерката 3 дена откако ја родила, ја нашла по 18 го... Само три дена откако Селесте од Јужна Африка се породила, нејзината ќерка била у...
Бојадисајте ги велигденските јајца без хаос: Техника со ориз со која ќе се забавуваат и најмалите Бојосувањето јајца за Велигден може да биде вистински стрес ако имате мали деца ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg