Од искуство - Како е да бидеш во кома?
Комата е искуство што дефинитивно ќе ви го промени животот. Речиси секој што бил во кома ги споделува чудните, па понекогаш и страшните нешта што ги искусил.
Некои велат дека се сретнале со мртви роднини, а некои, пак, велат дека немало ништо освен празнина и темнина.
Но можеби најтешкото нешто е будењето од кома – луѓето не знаат што ќе ги пречека и не се свесни колку време поминало.
Еден корисник на Reddit бил љубопитен за оваа појава, па ги прашал останатите корисници кои биле во кома или кои познаваат таква личност да споделат нешто интересно од нивното искуство.
Во продолжение погледнете ги најдобрите одговори:
„Бев во кома 4 дена. Кога се разбудив сите зборуваа за синот што сум го родила. Изгубив дел од помнењето и не се ни сеќавав дека бев бремена. После неколку денови ми се врати сеќавањето и се сетив на сè.“
„Сопругот беше во индуцирана кома после сообраќајна несреќа. Кога се разбуди рече дека се сеќава како отишол на работа. Проблемот е што несреќата се случи додека одеше на работа, но тој се сеќавал како бил во канцеларија, а потоа одеднаш се разбудил во болница. Не му се веруваше дека поминала цела недела.“
„Пред 20-тина години, братучедот имаше сериозна повреда на главата. Беше во кома 4 недели, а кога се разбуди откри дека има еидетска (фотографска) меморија. Можеше да ги повтори сите разговори од збор до збор, па дури и да го каже датумот кога сме кажале нешто. Истовремено, можеше да ги запомни сите детали од слика за само неколку секунди.“
„Откако се разбудив од кома, на некои делови од главата ми падна косата и не растеше со месеци. Кога почна да расте беше многу црна, а природната коса ми е кафеава. По некое време, бојата ми се изедначи и сега повторно е кафеава.“
„Мајката на моето момче беше во кома околу 30 дена. Пред да се разбуди, таа беше страстен пушач. Но, после комата се шокира кога дозна дека била пушач. Оттогаш никогаш повеќе не запали цигара.“
„Во 90-тите, мојот прадедо имаше мозочен удар. Беше во кома 3 недели, а кога се разбуди не зборуваше англиски. Го зборуваше само јазикот на едно индијанско племе што го научил додека бил дете. Ова траеше 10-тина дена, а потоа едно утро се разбуди и повторно зборуваше англиски, а не помнеше ни збор од другиот јазик.“
„Мајка ми беше во индуцирана кома 3 месеци. Кога се разбуди изјави дека мразела што дланките ѝ изгледаат толку совршено. Нејзините нокти навистина беа совршени бидејќи не ги користеше додека беше во кома.“
„Сопругата беше во вештачка кома 2 недели. Кога се разбуди имаше многу погрешни сеќавања. Сфативме дека разговорите што сме ги правеле во нејзината соба додека беше во кома влијаеја врз нејзините сеќавања. На пример, чичко ми зборуваше дека само што се вратил од Вашингтон. Мајка ми некако го слушнала тоа и кога се разбуди беше убедена дека таа била во Вашингтон.“
„Еден мој пријател беше во кома 6 месеци. Кога се разбуди, се изненади бидејќи неговата сопруга изгледала многу стара. Сфативме дека тој ги изгубил последните 15 години од неговото сеќавање. Се сеќаваше дека има 2 деца, но не можеше да се сети на третото. Сеќавањето никогаш не му се врати и најтешко му беше што не се сеќаваше како пораснале неговите деца.“
„Кога имав 14 години паднав од покрив и си ја повредив главата. Се разбудив после 2-3 дена во болница и воопшто не можев да зборувам. Единственото нешто што можев да го кажам е ’Каде се рибата и помфритот‘. Излезе дека несреќата се случила кога мајка ми излегла да купи риба и помфрит.“
„Два пати бев во кома, а после вториот пат ми беше изгубено сеќавањето. Прво помислив дека сум маж поради катетерот помеѓу моите нозе, кога всушност сум жена.“
„Татко ми беше во кома околу 8 недели. Кога се разбуди, бојата на неговите очи беше драстично променета. Претходно имаше зелени очи, а сега му се сини.“
„Бев во 3-дневна кома кога имав 11 години. Кога се разбудив се сеќавам дека бев изненаден бидејќи телото ми беше премногу големо. Веќе бев во пубертет, а поради комата изгубив околу 2 години од моето сеќавање. Ми беа потребни неколку години за да се сетам на сè.“
„Детето на мојот сосед беше во индуцирана кома. Лекарите рекоа дека веројатно ќе слуша што му зборуваат, па добро би било да разговараат со него, да му пуштаат музика и слично. Бидејќи детето го сакаше Елвис Присли, постојано му пуштаа негова музика. Кога се разбуди, детето беше убедено дека е Елвис. Му беше потребно долго време да ја прифати вистината.“
„Еден мој поранешен дечко беше во кома речиси половина година. Кога се разбуди зборуваше со шкотски акцент, а никој не знаеше од каде го научил. После некое време сфатија дека е од неговата баба од Шкотска, со која минувал многу време во детството.“
„Бев во кома 9 дена. Најмногу ме изненади тоа што морав одново да ги учам најосновните работи – како да одам во тоалет, како да голтам и слично.“
Спирова С. | Црнобело