12 правила на урбаниот јавен превоз кои задолжително треба да ги знаете
7. Не се чувствувајте должни
Многу често во јавните превози, посебно во странство, настапуваат групи или пак поединци кои на разни начини покажувајќи го својот талент се обидуваат да заработат некој долар или евро.
Само затоа што тие настапиле, не значи дека мора да им дадете пари, па затоа, ако сакате да го заштедите тоа евро, едноставно поместете се.
8. Останете будни
Дури 44% од луѓето изјавиле дека речиси секогаш заспиваат при нивното возење во јавен превоз.
Ова навистина не е препорачливо, бидејќи постои можност да бидете ограбени.
Затоа бидете свесни за сè околу вас, така што нема да изгубите ништо од вашите вредни работи.
9. Застанете зад жолтата линија!
Ова е правило кое во никој случај не треба да го прекршите во другите земји, бидејќи пред сѐ, се работи за вашата безбедност.
Најчести прекршувачи на ова правило се инстаграмџиите, кои сиот тој ризик го преземаат за своите лајкови.
10. Отстапете го вашето место на постарите, бремените и хендикепираните
Правило кое треба да важи секогаш и секаде!
Исто така, помогнете им на лицата со колички да стигнат до своето прецизирано место.
11. Никогаш не заземајте седиште со торбата
Дали вашата торба само што завршила со 10-часовна смена? Дали очајно треба да ги одмори своите уморни нозе?
Не, затоа што тоа е торба. Ставете ја во скутот и оставете некој друг да седне.
12. И за крај, внимавајте на излегувањето
Брзо е и безболно, станувате и ги користите вашите две нозе. Нема потреба од дишење во врат на оној пред вас, забавување, ниту пак туркање.
Стапнувате, одите до скалите и стигнувате до вашата сакана дестинација.
Мила М. | Црнобело / фото: depositphotos.com