Дедо Мраз навистина постои - Старец цели 50 години прави играчки за деца од сиромашни семејства
Додека голем број деца едвај чекаат да ги отворат новогодишните подароци, некои од нив немаат услови за нешто такво.
Постојат безброј семејства кои едвај сврзуваат крај со крај и, за жал, не секогаш можат да остават подароци под новогодишната елка.
Но, за среќа, постојат и луѓе кои вистински сакаат да им помогнат на помалку среќните.
Еден од овие луѓе е 80-годишниот ветеран Џим Анис.
Џим ја користи секоја празнична сезона за да им помогне на оние на кои им треба најмногу помош. Токму поради тоа, изминативе 50 години Џим прави играчки за децата од загрозените семејства.
Секоја година, старецот прави околу 300 дрвени играчки и ги донира во организацијата Salvation Army. Дел од материјалите за играчките ги собира од соседите, а за дел плаќа од неговиот џеб.
Овој подвиг го чини Џим околу 1.000 долари годишно, но него не му се важни парите, туку среќата на детските лица.
И самиот Џим добро знае како изгледа да не добиете новогодишен подарок.
„Татко ми работеше, но не заработуваше многу пари. Тешко е да организирате голем Божиќ со 5 деца.“
Џим се надева дека ќе може уште долго да го прави ова.
„Навистина сакам кога луѓето ме прашуваат колку пари добивам за да ги направам играчките. Јас им велам дека ми е платено кога ќе ги видам детските насмевки.“