Имаат страв од вторник - 7 чудни работи кои се нормални за Шпанците

Сите веќе многу добро знаеме дека обичаите ширум светот се многу различни, и иако можеби за нас е нормално да оставиме бакшиш во рестораните, тоа никогаш нема да им се случи на Јапонците. Истото е и со другите култури.

Genijalen narod 7 raboti sto gi pravat samo Spancite edna ke ve iznenadi 01

Овој пат ќе пишуваме за „необичните“ обичаи во Шпанија кои се, во најмала рака, чудни за нашата култура, а сосема вообичаени за нивната.

Ова се 7 работи што ги прават „само“ Шпанците:

Шетање со влажна коса

Колку пати ве предупредувале родителите да не шетате со влажна коса? Па, во Шпанија одамна се откажале,  затоа што Шпанците имаат навика да ја мијат косата наутро, а не во вечерните часови.

Покрај навиката работите да ги завршат во последен миг, не изненадува што понекогаш немаат време да ја исушат косата пред да одат на училиште или на работа.

Повторување на придавките

На пример, кога ќе видите убава девојка, ќе кажете „девојката е убава “. Од друга страна, Шпанците ќе ја истакнат оваа убавина најмалку три пати, па очекувајте реченица како „колку е убава, убава, убава оваа девојка“.

Накратко, да ги направат работите што е можно поемотивни ги акумулираат придавките.

Genijalen narod 7 raboti sto gi pravat samo Spancite edna ke ve iznenadi 02

Излегување со деца во барови

Во Шпанија е сосема во ред да излегувате во барови со целото семејство. Така доцна навечер можете да видите дека родителите се забавуваат во некој бар, а на масата веднаш до нив спијат нивните деца.

Ова се смета за нормално, никој нема да ги повика социјалните работници, а можеби и заради ова Шпанците добро толерираат бучава, бидејќи ја слушаат уште од раното детство.

Лупење на овошјето

Не само што го лупат портокалот, лимонот, ананасот, туку пред јадење Шпанците лупат скоро секое овошје: праски, јаболка... но постои многу едноставно објаснување за тоа.

Луѓето во руралните области не секогаш имаат пристап до чиста вода, па за да се заштитат од штетни бактерии, тие редовно го лупат овошјето.

Genijalen narod 7 raboti sto gi pravat samo Spancite edna ke ve iznenadi 03

Ги делат сметките на еднакви делови

Заборавете на германскиот модел на плаќање каде сите ги плаќаат своите сметки - Шпанците го прават тоа поинаку. Секој што седи на истата масата обично плаќа подеднаква сума.

Ако на масата седат пет личности, а сметката е 100 евра, се очекува секој од нив да извади 20, без разлика дали јадел стек или само пиел кафе. Исто така, келнерите нема да ја „поделат“ вашата сметка, дури и ако ги побарате.

Страв од вторник

Старите Шпанци велат дека луѓето не треба да стапат во брак, да патуваат или да се селат во вторник. Објаснувањето е повеќе од едноставно - вторник е ден на богот на војната (Арес или Марс), затоа е подобро да не се прави ништо тогаш.

Приватен простор

Доколку сте странец, можеби ќе мислите дека Шпанците не почитуваат личен простор. Имено, кога разговараат едни со други, тие често стојат многу блиску.

Од друга страна, ова е позитивна работа, затоа што со тоа ја покажуваат нивната опуштеност.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
10 навики на луѓето кои на сите ни одат на нерви (повеќе од што било) Без осет ставаат еден тон парфем што не е пријатен за носот на околината, тресат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg