„Постави граници со твоето токсично семејство“: Фото рецепти за тоа како да се сакате себеси
579 илјади луѓе кои во секој момент се зголемуваат ја следат Алисон Рејчел на Инстаграм и нејзиниот профил Recipes for Self-Love. Уметницата која престојува во Амстердам дури издаде и книга со цртежите и симпатичните мотивациски и охрабрувачки пораки, како и календар за 2020 година.
Во центарот на вниманието се жените, феминизмот, грижата и љубовта која си ја пружаат на себеси како и сексуалноста, убавината, но и депресијата и анксиозноста.
Нејзината уметност е суптилна, но моќна, исполнета со меки, пастелни тонови кои предизвикуваат чувства на топлина и смиреност.
Погледнете ги рецептите на Алисон за тоа што значи да се сакаш себеси преточени низ нејзините илустрации:
Поддржи ги оние кои се соочуваат со анксиозност.
Научи како да се ослободиш од работите коишто не можеш да ги контролираш.
Дозволи си да доживееш неуспех.
Научи како да поставиш граници со твоето токсично семејство.
Не заборавај дека работите можат и ќе бидат подобри.
Биди трпелива со себеси.
Биди искрена со себеси, биди искрена со другите.
Понекогаш едноставно ти треба да се скриеш од светот.
Не мора да бидеш совршена.
Немој да молчиш кога се случува неправда.
(О)Милена | Црнобело