9 производи што ја загадуваат природата и нивните алтернативни решенија

Во изминатите 50 години консумеризмот експлодираше и креираше култура во која индивидуалците се ориентирани кон производи коишто се практични, евтини и за еднократна употреба.

10-proizvodi-sto-ja-zagaduvaat-prirodata-01.jpg

Ова значи дека производителите се ориентирани кон производи кои намерно се дизајнирани и произведени со ограничен рок на траење, коишто по употребата се заменуваат или фрлаат.

Иако ова можеби е практично за многумина, сепак тоа доаѓа со голема цена како по корисникот така и по животната средина.

Производот што морате да го купите повеќе пати, макар и да станува збор само за неговата амбалажа, на долг рок ве чини многу скапо, а отпадот што истиот производ го создава на депониите и неговото загадување на природната околина е нешто што не се мери со пари.

Кои производи може да ги исфрлиме од употреба и со тоа да се заштитиме себеси од дополнителни трошоци, а и природната околина од дополнително загадување?

1. Хартиени чашки за кафе

Сигурно многумина од вас купуваат кафе за носење. Доколку секој работен ден купувате кафе, тоа се во просек по 240 хартиени чашки годишно, кои завршуваат на депонија.

Најдобрата алтернатива е со себе да си носите термос или шолја за патување со капаче која може да се мие и да побарате да ви наточат кафе во неа.

Тие ќе ви ги заштитат прстите од топлото кафе, а истовремено можеби и ќе заштедите нешто додека ја штитите околината, бидејќи некои кафетерии можат да не ви наплатат за хартиената чашка.

2. Вода во пластични шишиња

Пластичните шишиња од вода и други пијалаци се еден од најголемите светски проблеми со загадувањето. Купете си термос, така пијалакот дополнително ќе ја задржи температурата или купете стаклено или пластично шише за повеќе употреби кое не содржи Bisphenol A (BPA).

3. Пластичен прибор за јадење

Доколку купувате храна за носење, големи се шансите дека често користите пластичен прибор за јадење. Но тоа не значи дека мора да го користите. Наместо тоа можете од дома да си носите со себе виљушка, нож и лажица и да го замолите локалот да не ви даваат пластични.

4. Пластични ќеси

Сите знаеме дека пластичните кеси се лоши за природната околина, но и покрај тоа секоја година во светски рамки се користат помеѓу 500 милијарди и 1 трилион ќеси, од кои најголемиот дел завршуваат на депониите, каде што им се потребни 1000 години за да се распаднат. Избегнувајте ги пластичните ќеси и наместо тоа носете со себе платнени торби.

5. Пластични ќеси на пазар

Можеби се потенки и мислите дека не претставуваат толкав проблем како ќесите од маркетите и бутиците, но овие ќеси се еднакво лоши за природната околина како и останатите. Затоа со себе носете си торба за пазарење или уште подобро торба на тркалца, па така ќе се поштедите и себеси од тежината на испазареното.

6. Жилети за една употреба

Со жилети направени од евтин челик и рачки од евтина пластика, жилетите се заменуваат често, а нивната зголемена употреба на овој начин ги преполнува депониите. Доколку сакате да се бричите секој ден, подобро купете електричен апарат за бричење, брич на којшто му се менуваат жилетите или уште подобро брич кој може да се остри.

7. Санитарни производи за менструација

Пакувањата за менструалните влошки како и самите влошки за една употреба, се значителни загадувачи, особено кога ќе размислиме колкава количина од нив завршуваат на отпад секоја година.

Најеколошката алтернатива на влошките е менструалната чашка, која не само што може да се користи повеќе пати, туку и не содржи dioxin или rayon и е лесна за одржување. Сепак, јасно е дека ова е веројатно нешто на што ретко кој се осудува и ќе треба долго време за оваа промена.

8. Крпи за чистење за една употреба

Најголем дел од крпите за чистење за една употреба се направени од синтетика, а тоа значи дека не се биоразградливи и се уште еден производ кој ги полни депониите. Многу подобро е да користите микрофибер крпа која се пере.

9. Пакување за храна

Колку е помала ќесата или кутијата толку повеќе отпад создава како производ. Наместо да купувате производи кои се пакувани еден по еден, купувајте храна која е пакувана на големо.

Повеќето продавници нудат апетисани на мерење кои може да си ги ставите во хартиена кеса, наместо да купувате од веќе спакуваните во пластична опаковка. Кога купувате готова храна, доколку можете земете си садови со капаче од дома, наместо да ја земате спакувана во садови за една употреба.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Погрешно vs. правилно: Инфлуенсерка открива трикови за позирање за совршени Инстаграм фотки Наместо да застанете свртени со грб кон камерата и да се завртите благо наназад,...
7 секојдневни потсетници дека треба да се грижите за себе Простете си себеси ако не успеавте да станете личноста каква што посакувавте да ...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Бонтон грешки со кои несвесно го иритирате персоналот во ресторан (и им ја отежнувате работата) Со едно кафе, седите по неколку часа и одите во ресторан кога е очигледно дека с...
5 знаци дека самите сте виновни што сте несреќни во животот Дали ја запоставувате грижата за себе? А, дали имате навика опсесивно да „скрола...
6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg