Како изгледа „идеалната“ жена во 7 држави низ целиот свет?

Секоја земја има свои стандарди за убавина, зависно од тоа какви се карактеристиките на луѓето, во случајот на жените на тоа подрачје. 

Kako izgleda idealnata zena vo 7 drzavi niz celiot svet 01

И, меѓу нив, некои нации имаат невообичаен поглед кон убавината што нè остава без зборови.

Дознајте како изгледа „идеалната“ жена во овие 7 држави:

Ирска

Типична ирска жена обично има густи веѓи, светла кожа и тенки усни. Најчестите карактеристики се високо чело, зелени очи, многу пеги и црвена коса. Бидејќи Ирците секогаш се залагаат за природна убавина, тие многу ги ценат овие особини кај жените.

Kako-izgleda-idealnata-zena-vo-7-drzavi-niz-celiot-svet-02.jpg

Јапонија

Во повеќето западни земји, совршената насмевка обично се поврзува со убавината, но во Јапонија е обратно. Во оваа земја младите жени одат во стоматолошки клиники за да ги направат забите да изгледаат криво и повеќеслојно.

Овој полу-вампирски изглед, наречен yaeba, всушност се смета за симпатичен, бидејќи Јапонците веруваат дека тоа е симбол на природна убавина и младост.

Kako-izgleda-idealnata-zena-vo-7-drzavi-niz-celiot-svet-03.jpg

Јужна Кореја

Идејата за совршена жена во Јужна Кореја е дефинирана со беспрекорна бела кожа, зашилен нос, мало лице и големи очи. Но најважен е обликот на лицето - треба да личи на срце. За да се постигне овој идеал многу жени трошат стотици долари на пластични операции.

Kako-izgleda-idealnata-zena-vo-7-drzavi-niz-celiot-svet-04.jpg

Франција

Француските жени секогаш се залагаат за природна убавина, во сите нејзини аспекти. Тие не носат речиси никаква шминка, ретко користат парфем и не ги бричат нозете и пазувите.

Тие веруваат дека вистинската убавина се рефлектира во кожата на жената, па наместо шминка, се обидуваат да користат повеќе креми и лосиони.

Kako-izgleda-idealnata-zena-vo-7-drzavi-niz-celiot-svet-05.jpg

Саудиска Арабија

Очите се огледалото на душата, а жените од Саудиска Арабија ѝ даваат друго значење на оваа стара изрека. Бидејќи не можат да го покажат поголемиот дел од лицето, заради нивната религија, обично внимаваат на убавината на очите.

Kako-izgleda-idealnata-zena-vo-7-drzavi-niz-celiot-svet-06.jpg

Мјанмар

За луѓето кои живеат во Мјанмар, долгиот врат се смета за симбол на благосостојба и убавина. Затоа локалните девојки носат калеми околу вратот од 5-годишна возраст.

Прво ставаат 6 прстени околу вратот, а потоа бројот се зголемува за еден секоја година. До моментот на нивниот брак, бројот на прстените го достигнува својот максимум, бидејќи престануваат да ги додаваат после свадбата.

Како резултат на носење на овие калеми, вратот на жената може да достигне до 40 см.

Kako-izgleda-idealnata-zena-vo-7-drzavi-niz-celiot-svet-07.jpg

Нов Зеланд

Во Нов Зеланд тетоважите не се користат само за украсување на кожата. Домородните луѓе, Маорите, користат техника за тетоважа наречена ta moko за да направат еден вид лична карта во црни и темно сини обрасци на лицето на една личност.

Жените традиционално се тетовираат на брадата за време на адолесценцијата, а овие тетоважи го покажуваат нивниот социјален статус. Кога некој од другото племе ќе ја види оваа тетоважа ќе може лесно да ја „прочита“ целата приказна на нејзиниот сопственик.

Kako-izgleda-idealnata-zena-vo-7-drzavi-niz-celiot-svet-08.jpg

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...
Мажите си ги разменуваат жените, имаат секс по 5 пати на ден: Факти за Бушманите Поим за убавина им се жените со голем задник, пушат халуциногена билка и имаат с...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
Пет работи кои им се забранети на жените во Северна Кореја Мажените жени имаат право само на една фризура и никаде не се продаваат влошки и...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Без предрасуди и табу теми - Како треба да се однесува жената во 40-тите? Треба да сака со целата своја сила, да патува во светот, да си најде љубовник ак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg