Бизарен обичај во Боливија – черепи од гробиштата во замена за пари и љубов
Поворката на човечките черепи со цветни венци околу главата или воени капи, памучна волна наместо очи и лисја од кока, или пури меѓу забите, може да се види само во Боливија, за време на фестивалот во чест на мртвите наречен Fiesta de las Ñatitas.
Черепите се украсени со она што најмногу го сакале нивните сопственици. Секоја година, во ноември, најстарите гробишта во Ла Паз се поплавени од илјадници Индијанци Ајмар, кои носат внимателно украсени черепи во стаклени или дрвени кутии.
Черепите во кои сè уште престојува духот на починатиот се носат на традиционалниот благослов што ги спојува католичките обичаи со традицијата на Инките.
За разлика од Мексиканскиот ден на мртвите, Fiesta de las Ñatitas не се слави со причина луѓето да се справат со теми како смрт и сеќавање на починатиот, туку за воспоставување подобра врска и стекнување наклоност со духовите.
Черепите што се украсуваат најчесто не се остатоци од членовите на семејството, туку коски кои случајно беа ископани на гробишта или археолошки локалитети, а се верува дека носат посебни моќи.
Ајмар им се заблагодаруваат на духовите на починатиот и ги бараат да им го подарат она што им треба најмногу, без разлика дали се работи за успех во училиште, здравје или заштита.
Бидејќи мртвите имаат моќ да влијаат врз сите аспекти на животот, од љубов до пари, черепите се чуваат дома на олтари во текот на целата година.
Ашера | Црнобело