Што мислат мажите за вашата шминка: „Ми годи, но умерено, никој не сака да бакнува кловн“

Мислите дека мажите не ја забележуваат вашата шминка? Ако одговорот е да, размислете повторно. Можеби не знаат многу за неа и не ја разбираат конкретно, но тие дефинитивно имаат мислење кога станува збор за тоа колку и кога треба да се применува.

ako-ja-zabelezhime-toa-znachi-deka-ste-preterale-shto-navistina-razmisluvaat-mazhite-za-vashata-shminka-01.jpg

Мажите имаат своја теорија за тоа зошто жените се шминкаат.

Поточно, 63% од мажите веруваат дека причината поради која жените се шминкаат е затоа што тие сакаат да ги „измамат“ луѓето и да делуваат попривлечно отколку што навистина се.

Она што изненадува дури и повеќе од оваа теорија на мажите е тоа што 47% од жените го мислат истото.

Околу 53% од жените веруваат дека тие се држат до нереални стандарди за убавина, кои се пласираат од познати личности, социјални мрежи и медиуми, а 30% од мажите веруваат дека жените се соочуваат со нереални очекувања.

Но, од една страна, тие ги обвинуваат жените дека „мамеле“ со својата шминка, а од друга пак е речиси неприфатливо таа да се појави некаде без шминка на лицето.

Сепак, мора да заклучиме дека жените не носат шминка заради мажите, туку ги користат сите тие производи за да ги покријат мозолчињата, некои од нивните „недостатоци“ на лицето или пак едноставно за да ја истакнат нивната убавина.

Тие исто така се шминкаат затоа што сакаат и уживаат во тоа.

Во продолжение наведуваме неколку мислења од различни типови на мажи во врска со „дозирањето“ на шминка кај жените:

Глен Афет, 49, стоматолог

„Мислам дека многу шминка всушност прави жените да изгледаат полошо. Дали некогаш сте забележале како жените изгледаат во последната епизода на Survivor, кога конечно се враќаат дома?

Тие изгледаат толку природно и убаво, бидејќи ги одмориле своите лица од секакви козметички глупости.“

Адријан Грениер, 35, актер

„Ако не располагате со убавина однатре, ниту една количина шминка не ќе може да го прикрие тоа“.

Д-р Ира Хандчух, 49, стоматолог

„Сите три мои дами (мојата сопруга и двете ќерки тинејџерки) се природно убави, па сакам кога немаат шминка или кога се нашминкани само малку, доволно за да ги истакнат своите големи, убави очи... Како стоматолог можам да кажам: сѐ е до насмевката!

shto-mislat-mazhite-za-vashata-shminka-mi-godi-no-umereno-nikoj-ne-saka-da-baknuva-klovn-02.jpg

Енди Меленбринк, 28, финансиски консултант

„Ако таа има средена коса, јаде кинеска храна и носи панталони, тогаш не ѝ ни треба шминка“.

Брајан Келси, 42, радио водител

„Обожавам да гледам нашминкани жени, но како и многу други мажи, сакам тоа да биде во умерена доза. Нека шминката ја истакне вашата природна убавина!"

Луис Либерт, 39, извршен директор

„Изгледајте едноставно и природно. За мене, ова е најсекси изглед. Никој не сака да бакнува кловн!“

shto-mislat-mazhite-za-vashata-shminka-mi-godi-no-umereno-nikoj-ne-saka-da-baknuva-klovn-03.jpg

Рондрик Вилијамсон, 34, социјален работник

„Видов слика од мајка ми кога била помлада и со сигурност тоа е најубавата жена  која некогаш сум ја видел. Природна, убава, несекојдневна.

Мислам дека женската шминка треба само да ги потенцира нејзините природни карактеристики. Големиот слој на шминка има тенденција да го одземе природниот изглед. Умереноста може да резултира добро“.

Им Сомерс, 36, писател

„Мислам дека повеќето жени, се природно убави и не им треба многу шминка.

Мислам, одлично е да бидете во можност да сокриете неколку „недостатоци“ или пак да го истакнете она што го сакате, но жените кои имаат премногу шминка оддаваат несигурна слика за себе“.

Евеон Еверет, 24, односи со јавноста

„Обожавам да ја гледам мојата девојка. Мислам дека умерена количина на шминка е секси, минус светол кармин“.

Оскар Пара, 34, регионален директор

„Сметам дека изгледот на секоја жена е индивидуален избор, без разлика дали станува збор за помалку или повеќе шминка. Стилот игра најголема улога и треба да знае да се негува.“

shto-mislat-mazhite-za-vashata-shminka-mi-godi-no-umereno-nikoj-ne-saka-da-baknuva-klovn-04.jpg

Гентон Гент, 38, извршен директор за маркетинг

„Мразам кога ќе видам неуредна жена. Моите мисли за женската шминка варираат од жена до жена. Во најголем дел, ако одите на појадок и само што сте се разбудиле, измијте се и излезете. Но, ако одите на некоја прослава, не плашете се да ја изразите вашата креативност.“

shto-mislat-mazhite-za-vashata-shminka-mi-godi-no-umereno-nikoj-ne-saka-da-baknuva-klovn-05.jpg

Тед Вилијамс, 54, сликар

„Може да дознаеме многу за женската личност по шминката која таа ја носи. Ако е претерана, особено во текот на денот, таа е театарски настроена и можеби крие нешто. Ако е речиси неприметлива, таа е приземна и ненаметлива личност.“

Масимо Дико, 42, сопственик на фризерски салон

„Ако ја забележиме вашата шминка, тоа значи дека сте претерале“.

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мажите си ги разменуваат жените, имаат секс по 5 пати на ден: Факти за Бушманите Поим за убавина им се жените со голем задник, пушат халуциногена билка и имаат с...
Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
11 фото-докази дека мажите може да бидат ужасни за соживот Oд јадење на питата од средина до хаос после нивниот кулинарски подвиг во кујнат...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg