Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


20 работи што треба да си ги кажувате секој ден самите на себе

Позитивните мисли многу влијаат на нашата потсвест, затоа секогаш треба да се поддржуваме самите себе и да имаме позитивни мисли.

20-raboti-sto-treba-da-si-gi-kazuvate-sekoj-den-samite-na-sebe-01.jpg

Животот нè учи на многу лекции. Падови и издигнувања. И тоа е сосема во ред, затоа што сите сме луѓе и сите може да згрешиме, но не треба да дозволиме нашите грешки од минатото да влијаат на нашата иднина.

Треба да живееме во моментот. Да се радуваме, плачеме и смееме. Да имаме шаренило од емоции и да не се плашиме да ги покажеме.

Треба секој ден да се будиме со насмевка на лицето, да го зграпчиме денот и да гледаме секогаш со позитивно око кон него.

Прочитајте што треба да си кажете денес за дневна мотивација:

1. Денес ќе биде прекрасен ден, затоа што јас ќе го направам таков!

2. Мислењето на другите за мене не ме дефинира каква личност сум.

3. Јас сум силен/а и паметен/а и јас можам да направам сè што сакам!

4. Не е во ред да се споредувам со другите, затоа што сите сме убави на свој начин.

5. Мојата тежина е само бројка која не ме опишува каква личност сум.

6. Денес заврши колку што можеш повеќе работи и не биди мрзелив/а.

7. Уживај и верувај му на процесот, никој никогаш не се искачил на врвот „преку ноќ“.

8. Има луѓе кои ме сакаат вистински и би дале сè за мене.

9. Работите не се толку лоши колку што мислам, и проблемите се многу помали отколку што јас ги замислувам.

10. Никогаш не е доцна за да пробам нешто ново и да направам разлика.

11. Денес ќе почнам да читам добра книга.

12. Што треба да направам денес, за да бидам среќен/а утре?

13. Јас сум горд/а на себеси!

14. Можам да направам сè што ќе замислам, ништо не е невозможно ако работам и се посветам на тоа нешто.

15. Сè е во ред, не паничи, правиш колку што можеш и го даваш од себе најдоброто.

16. Не се плаши да преземеш ризик и не се плаши да бидеш „лош“ во нешто ново, сите треба да почнеме од некаде.

17. Неуспехот од минатото не треба како сенка да ме следи во иднина!

18. Јас одлучувам кога, каде, што и како ќе правам, не треба да дозволам никој да влијае врз моите одлуки.

19. Секогаш слушај го срцето, тоа знае најдобро!

20. Што и да се случи денес - лошо или добро, секогаш постои подобро утре, утре полно надеж кое го чекам со нетрпение!

Т. Ѓ. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 вознемирувачки мисли кои ги имаат психопатите во глава (и ќе ве наежат) „Твојата болка не ми значи ништо“... За психопатите, гледањето на нечие физичко ...
10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....
Колку светлото го менува изгледот на познатите градби во Македонија и светот? Кривата кула во Пиза, Ајфеловата кула во Париз, операта во Сиднеј се само дел од...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
Фотки што ќе ве разнежат – Луѓе кои имаат прекрасни соседи „Соседот ми го побара резервниот клуч – ми рече за да го изнесел кучето додека с...
Дете кое исчезнало од училиштен двор и уште 3 нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Хедер Тиг била грабната од плажа покрај река во САД, но и покрај очевидецот, до ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg