„Што не е во ред?“ - 13 огромни проблеми со кои се соочува секоја силно интуитивна личност

Дали сметате дека сте човек со добра интуиција? Доколку сте, многу од работите ви одат прилично лесно од рака. Но колку и да звучи неверојатно, интуицијата понекогаш покрај благослов, може да биде и проклетство.

13-problemi-so-koi-se-soocuva-sekoja-silno-intuitivna-licnost-01.jpg

Ова се 13 проблеми со кои се соочува секоја мошне интуитивна личност:

1. Понекогаш ви е многу тешко да направите разлика помеѓу интуитивно чувство и обично чувство.

2. Тешко е да убедите некоја личност во нешто само затоа што чувствувате длабоко во себе дека „тоа е едноставно така“, а уште потешко ви е да кажете „ти реков“ откако ќе испадне дека сте биле во право.

3. Мачно ви е да глумите лековерни или наивни кога многу добро ги читате лажговците и злобните луѓе околу вас.

4. Понекогаш сте многу неодлучни, бидејќи колку и да е очигледен правилниот избор, вие се решавате да постапите поинаку.

5. Не само што може да намирисате интуитивни мисли, туку и интуитивно ги насетувате потенцијалните можности (што ви создава уште поголема анксиозност).

6. Понекогаш ви доаѓа преку глава од вашата силна интуиција која ве исцрпува и едноставно сакате да ја замолчите и да бидете тапи и индиферентни кон луѓето и ситуациите.

7. Среќни сте кога ги разбирате нештата, па природно ви доаѓа да размислувате за нив и да ги анализирате отколку да се опуштите и да уживате.

8. Се преморувате од исцрпни, длабоки анализи за секоја голема и мала работа.

9. Интуицијата со себе речиси секогаш носи и емпатија, а тоа значи дека најчесто сте им на располагање на луѓето и најмалку време одвојувате за себе.

10. Не си дозволувате да направите нешто што чувствувате дека е погрешно (иако тоа е полесното и пологичното решение).

11. Секогаш им пристапувате на луѓето со реченицата „Што не е во ред?“, бидејќи умеете да ги прочитате и најмалите микро експресии на нивните лица, нешто што многумина не го ни забележуваат, ниту пак сакаат да му обрнат внимание.

12. Ги доживувате работите многу поинтензивно од другите – и среќата, и тагата.

13. Ги чувствувате туѓите проблеми како свои и барате решение за нив како што би барале за себеси.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
7 секојдневни потсетници дека треба да се грижите за себе Простете си себеси ако не успеавте да станете личноста каква што посакувавте да ...
5 знаци дека самите сте виновни што сте несреќни во животот Дали ја запоставувате грижата за себе? А, дали имате навика опсесивно да „скрола...
3 психолошки вистини за луѓето со избувлив карактер (што другите најчесто не ги разбираат) Нивните чувства потекнуваат од потребата за самозаштитување, а не од омраза, а п...
Проблеми со кои ќе се соочите ако ѝ раскинете на нарцисоидна личност (низ илустрации) Може да станат бесчувствителни, да пробаат да ве врата со манипулација и да ви с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg