Муттер - морбидниот музеј каде се чува мозокот на Ајнштајн
Контроверзниот музеј Муттер дефинитивно не е за оние со послаб стомак. Во викторијанските соби се чуваат медицински занимливости, како што се разни предмети и тумори извадени од човечки тела.
За да го посетите Музејот за историја на медицината, ќе треба да патувате до Пенсилванија, поточно Филаделфија, дом на ова чудно место што се наоѓа во просториите на поранешниот Mедицински факултет.
Еден од експонатите што привлекува најголемо внимание е мозокот на Алберт Ајнштајн.
Научникот сакал да биде кремиран, но додека неговата пепел е расфрлана во реката Делавер, патологот кој бил на должност ноќта кога Ајнштајн починал го задржал неговиот мозок, со цел да се најде физички доказ за неговата генијалност.
По бројните дискусии, патологот добил дозвола да го задржи мозокот, но под услов да се користи само за научни истражувања.
Првично, научниците кои го анализирале не виделе ништо необично, но со текот на времето забележале интересни карактеристики во областите кои вклучуваат визуелни, математички и просторни информации.
Историјата на овој музеј започнува во 1750 година, кога го отворил Бенџамин Френклин, но истиот започнал да работи во 1858 година. Многу туристи од целиот свет доаѓаат тука да ги видат овие застрашувачки експонати.
Еден од најпознатите експонати во музејот е трупот на жената која се претворила во сапун на местото каде што била погребана. Исто така е импресивна и колекцијата на човечки черепи.
Човек по име Гери Истакл е познат во медицинските кругови. Овој човек страдал од чудна болест, поради што му растел нов екстремитет на местото каде што имал модринка. Непосредно пред неговата смрт, тој доброволно го подарил своето тело како подарок на музејот.
Ашера | Црнобело