Работи што постојано ги правите во автомобилот, но не би требало
Пуштање гласна музика со отворени прозорци
Покрај тоа што ќе им пречите на другите во сообраќајот, прегласната музика ќе ви го одвлекува вниманието. Исто како и слушалките, и во овој случај нема да можете да ги слушате другите звуци околу вас.
Секс
Сексот на јавно место во автомобил може да ви донесе проблеми.
Покрај тоа, немојте да се впуштате во никакви сексуални активности додека возите. Со ова ја загрозувате вашата, но и безбедноста на другите во сообраќајот.
Пушење цигари
Најдобро е да избегнувате да пушите цигари во вашиот автомобил. Чадот од цигарите ќе го намали квалитетот на воздухот, а доколку во автомобилот има некој друг, и тој ќе биде присилен да го вдишува.
Поправање на шминката
Ако се фокусирате на што било друго освен возењето, тогаш си го зголемувате ризикот од сообраќајка.
Поправањето на шминката додека возите е рецепт за несреќа, па немојте никогаш да го правите ова. Подобро е да го паркирате автомобилот, и потоа да ја средите шминката.
Возење без обувки
Изгледа дека многу луѓе се обиделе да возат боси. Иако ова не е најопасното нешто што можете да го направите во автомобил, кога сте без обувки, не можете правилно да ги притиснете педалите, а на многу места постои казна за ова.
Расправање
Долгото возење може да предизвика несогласувања помеѓу патниците во автомобилот. Но, најдобро е да се воздржите од секакви кавги додека автомобилот се движи.
Со расправањето се одвлекува вашето внимание и повторно се зголемува ризикот од сообраќајка.
Дури и ако мирно разговарате со некој, главниот фокус треба да ви биде на патот.
Спирова С. | Црнобело