Работи што постојано ги правите во автомобилот, но не би требало
Нормално е да се опуштите во вашиот автомобил и да си дозволите да јадете во него, да пуштате гласна музика или да ги качувате нозете на контролната табла.
Но, многу од овие работи можат да му наштетат на автомобилот, или полошо, да бидат причина за сообраќајна несреќа.
Сигурно сте „виновни“ за барем една од следниве работи кои најдобро е да не ги правите во автомобил:
Качување на нозете на контролната табла
Без разлика дали сте во совозачкото седиште или зад волан, нозете никогаш не треба да ви стојат на контролната табла.
Доколку настане и најмал судир, ако седите во ваква положба, можете сериозно да се повредите.
Чување непотребни предмети
Некои луѓе се однесуваат со нивните автомобили како со нивниот дом, па остават секакви работи внатре. Но ако имате премногу предмети во автомобилот, можете да ја намалите вашата прегледност, а со тоа го зголемувате ризикот од сообраќајка.
Јадење
Речиси и да не постои личност која не јадела или не пиела во својот автомобил. Додека е во ред одвреме-навреме да се напиете нешто, никогаш немојте да јадете додека возите.
И во овој случај, ја ризикувате вашата безбедност.
Користење слушалки
Сосема во ред е да слушате музика додека возите, но немојте да користите слушалки.
Слушалките ја намалуваат вашата свесност и ги филтрираат надворешните звуци.