Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Најинтересните работи што можете да ги видите на Google Maps (втор дел)

Најголемиот базен во светот

Во Чиле се наоѓа приватното одморалиште San Alfonso del Mar. Одморалиштето е познато по тоа што го има најголемиот базен во светот.

Базенот е долг 1.013 метри, а длабок е 3 метри.

interesni-raboti-shto-mozhete-da-gi-vidite-na-google-maps-vtor-del-07.jpg

Потонат брод

Во 1981-ва година, бродот Primrose од Хонгконг се движел покрај брегот на островот Северен Сентинел. После неколку денови, морнарите забележале дека локалните Абориџини почнале да подготвуваат бродови и копја. Бидејќи наближувала бура, било невозможно да се спаси екипажот од бродот. Поради ова, морнарите биле спасени со хеликоптери, откако поминала бурата.

Интересно е што племето што живее на овој остров одбива да направи каков било контакт со модерното општество.

interesni-raboti-shto-mozhete-da-gi-vidite-na-google-maps-vtor-del-08.jpg

Езеро во форма на човек

Во Сао Паоло, Бразил, можете да го видите вештачкото езеро направено во форма на човек. Должината на езерото изнесува 140 метри.

interesni-raboti-shto-mozhete-da-gi-vidite-na-google-maps-vtor-del-09.jpg

Џинот од Англија

На еден рид во близина на село во Дорсет, Англија, има огромна фигура од маж кој држи палка.

Овој геоглиф е со димензии 55×51 метри, а направен е со ископување на почвата. Потеклото и староста на геоглифот се непознати, но прв пат е спомнат во 18-тиот век.

interesni-raboti-shto-mozhete-da-gi-vidite-na-google-maps-vtor-del-10.jpg

Симбол направен од дрва

Во близина на градот Флорида во Уругвај се наоѓа чуден симбол направен од дрва.

Според некои извори, дрвата биле посадени пред околу 60 години од локалните фармери. Според други приказни, симболот е приказ на сад кој го содржи еликсирот за вечен живот.

interesni-raboti-shto-mozhete-da-gi-vidite-na-google-maps-vtor-del-11.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Коса што расте во две бои и уште 12 уникатни карактеристики на луѓето кои се истакнуваат од толпата „Одеднаш, мојата лева веѓа почна да станува бела“, „Ќерка ми е родена со две раз...
Работи што можете да ги видите само во Мексико (фото) Леб без кора исечен ан парчиња, автомат за ранци, но и огромен избор на лути сос...
Жена брка богати швалери за да добива скапи подароци - но сопругот ѝ одржа добра лекција (видео) Жена си бркала богати швалери за да добива скапи подароци од нив, но мажот со тр...
Бизарни јадења од ретро книги со рецепти (фото) Банани со сланина и кашкавал, пица во форма на лице која изгледа страшно… Сте ви...
8 изуми кои ги создале жени, а без кои светот ќе беше сосема поинаков Аквариум, чистач за снег - жените стојат зад многу значајни изуми без кои светот...
Најбизарните рекорди во светот (кои не треба да пробате да ги срушите) Дали би се осмелиле да поминете 10 дена затворени во ковчег? А, дали би ставиле ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg