Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Најинтересните работи што можете да ги видите на Google Maps (втор дел)

Во 2005-та година Google го пушти во употреба сервисот за мапирање Google Maps.

interesni-raboti-shto-mozhete-da-gi-vidite-na-google-maps-vtor-del-01.jpg

Благодарение на ова, денес секој што има пристап до интернет може да „патува“ низ светот, од удобноста на својот дом. Исто така, со помош на Google Maps, интернет корисниците откриваат бројни интересни работи кои се забележуваат само од птичја перспектива.

Досега имавте можност да видите дел од необичните пронајдоци на Google Maps, a во продолжение погледнете ги останатите:

Свеќник на Андите

Во близина на градот Писко во Перу се наоѓа огромен цртеж од свеќник, кој локалните жители го нарекуваат Las Tres Cruces (три крста). Геоглифот е направен на мал рид покрај брегот, а ѕидовите на браздите се наредени со камења.

Димензиите на сликата се 128×74 метри, а научниците до денес не знаат кој е авторот на ова дело. Се верува дека геоглифот е стар најмалку 2.200 години.

interesni-raboti-shto-mozhete-da-gi-vidite-na-google-maps-vtor-del-02.jpg

Шумска гитара

Аргентинскиот фармер Педро Мартин Урета поминал години садејќи шума во чест на неговата сопруга.

Сопругата на Педро отсекогаш сонувала да направи шума со необична форма, но умрела ненадејно од мозочен удар. Педро решил да ѝ ја исполни желбата, па посадил над 7.000 дрва кои ако се погледнат од горе, имаат форма на гитара.

Должината на оваа необична шума е неверојатни 1.100 метри.

interesni-raboti-shto-mozhete-da-gi-vidite-na-google-maps-vtor-del-03.jpg

Кратер во Аризона

Овој кратер настанал пред околу 50.000 години, откако метеорит со дијаметар од 50 метри удрил во Земјата.

Се претпоставува дека метеоритот тежел 300.000 тони, а се движел со брзина од 45-60 километри на час.

Овој кратер е единствениот кој си ја задржал оригиналната форма. Кратерот има дијаметар од 1.219 метри, длабочина од 229 метри, а неговите рабови се издигаат 46 метри над земјата.

interesni-raboti-shto-mozhete-da-gi-vidite-na-google-maps-vtor-del-04.jpg

Џинот од Јужна Австралија

Во Јужна Австралија се наоѓа модерен геоглиф за кој не е познато како настанал.

Се верува дека ова е најголемиот геоглиф на Земјата и има должина од 2,7 километри.

Геоглифот бил случајно откриен од пилотот Трак Смит во 1998-ма година. Поради ерозијата, видливоста на геоглифот се намалува, но ќе помине долго пред целосно да исчезне.

interesni-raboti-shto-mozhete-da-gi-vidite-na-google-maps-vtor-del-05.jpg

Нафтени плантажи во Аргентина

Во Аргентина, се произведува нафта и гас во провинциите Неуквен, Рио Негро, Мендоза, Санта Круз…

На овие фотографии се прикажани нафтените плантажи во Рио Негро.

interesni-raboti-shto-mozhete-da-gi-vidite-na-google-maps-vtor-del-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Коса што расте во две бои и уште 12 уникатни карактеристики на луѓето кои се истакнуваат од толпата „Одеднаш, мојата лева веѓа почна да станува бела“, „Ќерка ми е родена со две раз...
Работи што можете да ги видите само во Мексико (фото) Леб без кора исечен ан парчиња, автомат за ранци, но и огромен избор на лути сос...
Жена брка богати швалери за да добива скапи подароци - но сопругот ѝ одржа добра лекција (видео) Жена си бркала богати швалери за да добива скапи подароци од нив, но мажот со тр...
Бизарни јадења од ретро книги со рецепти (фото) Банани со сланина и кашкавал, пица во форма на лице која изгледа страшно… Сте ви...
8 изуми кои ги создале жени, а без кои светот ќе беше сосема поинаков Аквариум, чистач за снег - жените стојат зад многу значајни изуми без кои светот...
Најбизарните рекорди во светот (кои не треба да пробате да ги срушите) Дали би се осмелиле да поминете 10 дена затворени во ковчег? А, дали би ставиле ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg