Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Бонтон правила за однесување – Што никогаш не би направиле културните луѓе на гости?

Манирите се рефлексија на човечката култура, а со листата во продолжение, може да проверите дали вие ја имате.

bonton-pravila-za-odnesuvanje-shto-nikogash-ne-bi-napravile-kulturnite-lugje-na-gosti-01.jpg

Иако многупати сме ги спомнале бонтон правилата, никогаш не е доста од потсетување на правилното однесување во различни ситуации.

Бонтонот игра главна улога во тоа каков впечаток ќе им оставите на соговорниците и луѓето во околината, а треба да се држите до нив, независно каде ќе се појавите.

Што не треба да правите ако сакате да оставите впечаток на културна личност, кога одите на гости?

Кога одите на гости:

- Не доаѓајте со јадење од дома ако планирате да биде послужено, освен ако домаќините не ви побарале да им помогнете. Салатата или месото кои ќе ги донесете може да не се вклопуваат во менито и трпезата на домаќините, а не е пријатно ниту гостите да го споредуваат вашето јадење со она на домаќините. Доволно е да донесете нешто што не бара готвење, а домаќините може да одлучат кога и дали ќе го сервираат.

bonton-pravila-za-odnesuvanje-shto-nikogash-ne-bi-napravile-kulturnite-lugje-na-gosti-02.jpg

- Не прашувајте кој друг ќе доаѓа. Домаќините најчесто сами нагласуваат за каква пригода станува збор – „со најблиските“, „со друштво“, „со колеги од работа“. Доволно е што ве канат и нема потреба да си барате друго друштво освен самите тие.

- Не доаѓајте пред договореното време. Можеби домаќините немале доволно време однапред да се подготват за дочек на гости, не им е наместена трпезата или средуваат во последен момент, па не ги ставајте во непријатна ситуација. Препорачливо е да дојдете 10-15 минути по договореното време.

- Не ги опсипувајте домаќините со огромни или нефункционални подароци. Не носете големи цвеќиња на кои нема да можат да им најдат место, ниту пак украси кои може нема да им се допаднат. Доволно е да однесете благо или мало цвеќе како знак на внимание.

- Доколку одите на гости во приватна и опуштена атмосфера, не претерувајте со аутфитот – така може да ги засрамите домаќините и вниманието да биде насочено само во вас.

bonton-pravila-za-odnesuvanje-shto-nikogash-ne-bi-napravile-kulturnite-lugje-na-gosti-03.jpg

Општи правила за однесување во туѓ дом:

- Не го отворајте сами фрижидерот и не претурајте низ шкафчињата – не сте вие домаќин во куќата.

- Ако одите на гости кај некој што има мало бебе, не се заигрувајте сами со бебето, не го земајте во раце или не му давајте храна, без да ги прашате родителите.

- Ако одите на роденден, не го терајте славеникот да ги отвори подароците пред сите – секој реагира на различен начин, а можеби некому нема да му се допадне реакцијата и ќе предизвикате непријатна ситуација.

- Не е ваша работа да ја регулирате температурата во домот – ако ви е ладно/топло, прашајте ги сите дали би им одговарало да се промени температурата и замолете ги домаќините да го направат тоа.

- Не им давајте на домаќините совети за храна и готвење, освен ако сами не го побараат тоа и не сте премногу блиски. Секогаш треба да ги пофалите за изборот и вкусот.

- Не се заседнувајте премногу – не дозволувајте да дојде до ситуација домаќините да мора индиректно да ве „избркаат“.

- Дури и ако е со добра намера, не треба да почнувате да средувате и миете садови. Тоа го прават само оние кои се многу блиски, бидејќи не секој сака да му се мешаат во кујна. Исто така, културно е да прашате дали е потребна помош, а не сами да почнете да прибирате.

bonton-pravila-za-odnesuvanje-shto-nikogash-ne-bi-napravile-kulturnite-lugje-na-gosti-04.jpg

Однесување во купатило:

- Кога одите во тоалет додека сте на гости, никогаш не си дозволувајте да претурате низ шкафчињата или да допирате и пробувате некои козметички препарати.

- Никогаш не дозволувајте да ја потрошите до крај тоалетната хартија. Ако видите дека е при крај, известете ги на само домаќините за да ја заменат.

bonton-pravila-za-odnesuvanje-shto-nikogash-ne-bi-napravile-kulturnite-lugje-na-gosti-08.jpg

Однесување на маса:

- Никогаш не почнувајте да јадете пред домаќините, културно е да почекате да седнат сите и да ве понудат за да си ставите.

- Не претурајте низ јадењето за да тргате работи што не ги јадете. Ако има нешто што не јадете, подобро воопшто не си ставајте.

- Не барајте од домаќините нешто што не е послужено на маса – кечап, лути пиперки, леб и слично.

bonton-pravila-za-odnesuvanje-shto-nikogash-ne-bi-napravile-kulturnite-lugje-na-gosti-05.jpg

- Ако на приборот забележите нешто извалкано, не мора да споделите со сите или забележливо да го чистите. Културно и тивко побарајте од домаќините да ви го сменат приборот.

- Никогаш не ставајте сол и други зачини или додатоци на јадењето пред да го пробате – тоа остава впечаток дека не верувате во проценката и кулинарските способности на домаќините.

- Ако сте вегетаријанец, не мора да го кажувате тоа гласно за сите да дознаат – тоа е ваша лична одлука, па бирајте го јадењето што ви одговара, наместо да привлекувате непотребно внимание.

- Внимавајте што им давате да јадат на вашите деца. Ако гледате дека има нешто што претходно не го јаделе или не им се допаѓа, подобро прескокнете го. Замислете колку би било непријатно ако децата кажат дека не им е вкусно или го плукнат јадењето.

bonton-pravila-za-odnesuvanje-shto-nikogash-ne-bi-napravile-kulturnite-lugje-na-gosti-06.jpg

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
10 бонтон правила за културно однесување во хотел (кои секој треба да ги знае) Правило број 1: Бидете тивки додека минувате низ ходниците, со зборувањето гласн...
10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Зошто никогаш не треба да ја ставате облеката во хотелските плакари и фиоки? Ако сте од оние луѓе кои се подготвени за пакување на куферите во кое било време...
15 луѓе кои направија пластична операција и конечно се среќни со изгледот „Операцијата на носот е најверојатно најдобрата одлука што сум ја донела во живо...
10 луѓе кои сосема сами го претворија домот во пријатно катче за уживање (фото) „Се откажав од идејата да следам одреден стил за уредување и почнав да уредувам ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg