Четири девојчиња обединети две години после заедничката борба против ракот

Ракот е една од најнемилосрдните болести на денешницата, особено кога ќе ги нападне децата.

chetiri-devojchinja-obedineti-dve-godini-posle-zaednichkata-bitka-protiv-rakot-01.jpg

И додека повеќето приказни за оваа болест завршуваат со губењето на сакана личност, понекогаш имаат и среќен крај. Токму ваква е приказната на Ава, Клои, Лорен и Мекинли.

chetiri-devojchinja-obedineti-dve-godini-posle-zaednichkata-bitka-protiv-rakot-03.jpg

Овие девојчиња станале блиски пријателки, откако се запознале во детската болница John Hopkins во Флорида.

Девојчињата се запознале пред 3 години, откако им била поставена дијагноза за рак. Ава, Лорен и Мекинли имале акутна леукемија. Клои се борела со редок вид рак на белиот дроб.

chetiri-devojchinja-obedineti-dve-godini-posle-zaednichkata-bitka-protiv-rakot-04.jpg

Четирите девојчиња се на возраст од 4 и 5 години и веднаш се поврзале поради сличната животна ситуација. Или, како што вели Мекинли, се зближиле бидејќи „нивната крв била болна“.

Секоја година, девојчињата повторно се сретнуваат во лобито на болницата. Сепак, овој пат средбата е поразлична бидејќи сите се во ремисија.

chetiri-devojchinja-obedineti-dve-godini-posle-zaednichkata-bitka-protiv-rakot-02.jpg

„Сите беа на активен третман кога прв пат го направивме ова. Навистина е неверојатно кога ќе видите колку далеку стигнале“, вели Алиса, мајката на Ава.

Познато е дека социјалната интеракција е клучна за физичкото и менталното здравје на луѓето. Ова особено се истакнува кога некоја личност страда од сериозна и опасна болест.

Четирите девојчиња од Флорида и нивото пријателство се одличен пример за тоа. Споделувајќи ги истите околности, возраста, па дури и губењето на косата, тие полесно ги надминале тешкотиите.

chetiri-devojchinja-obedineti-dve-godini-posle-zaednichkata-bitka-protiv-rakot-05.jpg

Мајката на Лорен вели дека иако нејзината ќерка немала коса, нејзините пријателки во болницата изгледале исто. Па, ова ѝ помогнало да се чувствува „нормално“.

Карен, мајката на Мекинли, вели дека ѝ било навистина драго што ќерка ѝ не била сама во најтешките моменти.

Но малите девојчиња не се единствените кои се поврзале – и нивните мајки се спријателиле и си помогнале многу.

„Да имате други мајки кои ве разбираат е феноменално. Да познавате личност која минува низ истото како и вие“, вели Карен.

chetiri-devojchinja-obedineti-dve-godini-posle-zaednichkata-bitka-protiv-rakot-06.jpg

Лорен била последната која ги добила вестите дека и таа е во ремисија.

„Завршивме. Само што го завршивме третманот. Оди во градинка во понеделник“, вели мајката на Лорен.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
10-те најлоши дадилки во историјата: Им биле доверени деца, а тие извршиле сурови убиства Бети Смити од САД имала само 20 години кога била прогласена за виновна за убиств...
Никола, Снежана и уште 6 најпопуларни имиња за момчиња и девојчиња родени во декември Ако треба да станете родители во декември, а сè уште размислувате кое име да му ...
Бизарни јадења од ретро книги со рецепти (фото) Банани со сланина и кашкавал, пица во форма на лице која изгледа страшно… Сте ви...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
7 вежби со кои ќе ги намалите брчките на лицето и ќе изгледате помладо Зајакнете ги мускулите на лицето со кревање лажица: Меѓу усните ставете лаж...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg