Ваш избор: Европа или САД?
Америка е сон на голем број млади посебно во нашата земја. Но, да не се залажуваме. Животот во Европа далеку е поразличен. А, според некои истражувања...
...европејците живеат далеку поубаво од американците.
Еве зошто:
1. Европејците шетаат повеќе. Во Европа повеќе се шета, повеќе се спортува. Американците седнуваат во кола и тука завршува приказната. За велосипед па и ретко кој чул.
2. Европејците повеќе го користат јавниот превоз. Во Европа, посебно во западниот дел скоро и да нема место каде не можете да стигнете со воз, автобус, метро. Затоа и загаденоста е помала. Во Америка, не е така, далечините се неспоредливо поголеми отколку во Европа.
3. Европејците јадат поквалитетна храна. Не само што се хранат поздраво од американците, јадат и значително помалку. Ова има врска и со прехранбениот систем, но и со менталитетот. Додека американците воопшто не се замараат со изгледот, Европа си држи до себе најчесто и не дозволува да се таложат килограмите.
4. Европејците се подруштвени. Сите се брзаат некаде, но затоа цел Балкан, Шпанија, Италија, Португалија и уште по некоја земја од западна Европа има време за кафе со пријателите пред, за време или после работното време. Во Америка се практикува кафе за носење.
5. Европејците имаат поинакво работно време. Не е целото време во Европа посветено на работа. Во многу европски градови продавниците и супермаркетите затвораат од 13-16h. Ретко кој работи во недела. Затоа многу се цени слободното време и однапред сите си го планираат.
Каде би сакале да живеете вие?