Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Финците споделуваат фотографии од неверојатен, редок природен феномен

Ако некогаш сте помислиле дека сте виделе сè, тогаш овие фотографии ќе ви го променат мислењето.

fincite-spodeluvaat-fotografii-od-neverojatne-redok-priroden-fenomen-foto-01.jpg

Деновиве, на интернет почнаа да кружат фотографии од навистина интересен природен феномен – мраз во форма на илјадници топчиња.

Фотографиите се споделени од жителите на Финска, и голем дел од нив велат дека досега не виделе нешто вакво.

Иако феноменот изгледа како да е од некој друг свет, експертите велат дека иако ретко, ова е глетка што може да се појави. Сепак, потребни се совршени услови за да се формира ваков мраз.

Температурата на водата мора да биде многу блиску до точката на замрзнување, а температурата на воздухот треба да биде малку пониска од нула. Треба да биде доволно ветровито за да се формираат топчињата, а плажата мора да биде со песок.

Главно, топчињата мраз се формираат околу нешто. Ова може да биде отпад, мал камен или снежен кристал. Додека водата замрзнува околу предметот, ветрот го „турка“, па се создаваат топчиња мраз. Овие топчиња се зголемуваат, сè додека брановите не ги однесат на брегот.

Феноменот е навистина редок бидејќи доколку ветрот е малку посилен, нема да се формираат топчиња. Од друга страна, ако нема ветар, водата ќе замрзне на брегот.

Изгледа дека природата никогаш нема да престане да нè изненадува.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
10 фотографии од секојдневниот живот кои ќе ви го стопат срцето „Мојата прабаба, која има 103 години, се смее додека во раце ја држи ќерка ми“, ...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Освежете си го знаењето пред одмор: Грк на Инстаграм споделува едноставни грчки фрази Од имињата на деновите на неделата, до начини како да викнете такси во Грција, п...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg