Првата светска војна започнала поради сендвич - Најбизарните случајности во историјата

Понекогаш случајностите изгледаат толку неверојатно, што е тешко да поверувате дека станува збор само за случајност.

prvata-svetska-vojna-zapochnala-poradi-sendvich-najbizarnite-sluchajnosti-vo-istorijata-01.jpg

Сепак, низ историјата имало толку многу бизарни случајности, што изгледа навистина можеме да очекуваме да се случи сè.

Настаните во продолжение се одличен пример за тоа, а дефинитивно ќе ве натераат да се посомневате во нивната „случајност“.

Мажот кој преживеал две атомски бомби

На 6 и 9 август 1945-та година, САД детонира две нуклеарни бомби над јапонските градови Хирошима и Нагасаки. Експлозијата и радијацијата од бомбите убива речиси 90.000 луѓе.

Во 2009-та година, јапонската влада потврди дека имало најмалку еден човек кој бил и во двата града за време на бомбардирањето. И преживеал.

На 6-ти август, Цутоми Јамагучи бил на деловно патувањето во Хирошима.

„Како што одев, слушнав звук од само еден авион. Погледнав кон небото и го видов авионот B-29, кој испушти два падобрани. Додека гледав во нив, одеднаш, се појави силен блесок и паднав на земја“, изјавил Цутоми.

Цутоми живеел во Нагасаки и до 9-ти август се вратил дома, за повторно да го преживее истиот хорор. Тој бил сведок и на атомската бомба во Нагасаки.

И покрај двојното изложување на радијација, Цутоми доживеал 93 години. Тој почина во 2010-та година, од рак на стомакот.

prvata-svetska-vojna-zapochnala-poradi-sendvich-najbizarnite-sluchajnosti-vo-istorijata-02.jpg.jpg

Смртта на Стивен Хокинг

Како што велеше и самиот Хокинг, времето е релативно. Сепак, ова не го објаснува фактот дека познатиот физичар почина на навистина значаен ден. 

Хокинг почина на 14-ти март, денот на 139-тиот роденден на Ајнштајн, но и денот кога се одбележа 300-тата годишнина од смртта на Галилео.

Она што е уште поинтересно е што 14-ти март е познат и како денот на бројот Пи, бидејќи датумот може да се запише како 3.14 (вредноста на Пи).

prvata-svetska-vojna-zapochnala-poradi-sendvich-najbizarnite-sluchajnosti-vo-istorijata-03.jpg

Близнаците Џим

Во 1979-та година, двајца 39-годишни близнаци кои биле разделени цел живот, конечно се сретнале.

Браќата биле разделени кога имале само 4 недели и цели 37 години не знаеле за ова. А, кога се сретнале, се соочиле со неколку изненадувања.

Најпрво, и двајцата биле крстени Џим од родителите што го посвоиле. И двајцата сакале математика и столарство, а изградиле кариера во обезбедување.

Како ова да не е доволно, и двајцата се венчале со жени по име Линда, се развеле, а потоа се венчале со жени по име Бети.

Но, приказната не завршува овде. Двајцата имале по едно дете кое се викало Џејмс Алан.

prvata-svetska-vojna-zapochnala-poradi-sendvich-najbizarnite-sluchajnosti-vo-istorijata-04.jpg

Три бродоломи

Кога работите на брод, нормално е да видите секакви работи среде океан. Но сигурно нема ни да помислите дека можете да „учествувате“ во двата најпознати бродоломи и еден судир. Ова, дефинитивно е малер.

За среќа, Вајолет Џесоп која го доживеала сето ова, преживеала и имала можност да ја раскаже нејзината приказна.

Вајолет била дел до екипажот на Титаник, кога бродот потона во 1912-та година.

Таа се наоѓала и на бродот-сестра на Титаник, Британик, кој потона во 1916-та година. Во овој бродолом, чамецот за спасување на Вајолет речиси потонал, но таа сепак се спасила.

Вајолет била и на бродот Олимпик, кога во 1911-та тој се судрил со британски воен брод. За среќа, во овој судир немало жртви.

Вајолет почина во 1971-ва, на 83-годишна возраст, поради проблеми со срцето.

prvata-svetska-vojna-zapochnala-poradi-sendvich-najbizarnite-sluchajnosti-vo-istorijata-05.jpg

Сендвичот што ја промени историјата

На училиште веројатно сте учеле дека Првата светска војна започнала по убиството на Франц Фердинанд. Но, веројатно не ви спомнале дека неговото убиство се реализирало, само затоа што убиецот сакал да си купи сендвич.

Првиот обид да се убие Фердинанд бил навистина неуспешен. Бомбата го погодила автомобилот на Фердинанд од назад, па тој можел да избега без повреди.

Убијците биле гневни поради ова, а еден од нив решил да отиде во блиска кафетерија и да си купи сендвич.

Во меѓувреме, Фердинанд бил во неговиот автомобил, среќен што е жив. Нo, неговиот возач направил погрешно свртување и поминал веднаш пред кафетеријата каде што бил убиецот.

Убиецот го здогледал Фердинанд, ги застрелал него и неговата сопруга и ја променил историјата на светот.

prvata-svetska-vojna-zapochnala-poradi-sendvich-najbizarnite-sluchajnosti-vo-istorijata-06.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кога денот ќе тргне на лошо: Ситуации од кои секој би доживеал мини нервен слом (фото) „Излегов на минусни температури за да си го продадам таблетот на договорено мест...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
Бурниот љубовен живот на Пикасо – имал стотици девојки, не бил верен на ниту една Две негови љубовници си го одземале животот, а две добиле нервен слом. На ниту е...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg