Топ 10 најчести женски имиња во Македонија и нивното значење
Колку пати сте помислиле дека не сакате вашето дете да има име кое е премногу често или ве интересирало уште колку други личности го имаат вашето име?
Во нашата земја има неколку имиња кои се повторуваат многу често и важат за „најпопуларни“ имиња кои ги добивале децата низ годините.
Дел од нив, денес не се толку модерни за новородените деца, но сепак голем број жени се носители на имињата Ана, Марија, Сара и уште неколку кои најчесто ги слушаме.
Според Државниот завод за статистика, одбравме неколку имиња што сметаме дека се најчести и проверивме колку пати се повторуваат, според последната состојба на 31.12.2018.
Во продолжение погледнете листа од топ 10 имиња подредени од најретки кон најчести и откријте кое е нивното значење:
Симона - се појавува 4161 пати
Има хебрејско потекло и настанало од зборот „симон“ што значи „слушање, послушност“ што значи го носат жени кои се добри, љубезни, имаат способност за слушање.
Лидија - се појавува 5049 пати
Библиско име со грчко-хебрејско потекло, а има значење „родена од Бог“. Носителите на ова име се сметаат за безгрешни и „испратени од Бог да делат правда и добрина“.
Маја - се појавува 7020 пати
За потеклото на ова име има повеќе теории – се смета дека потекнува од древна божица во грчката митологија во која бил заљубен Зевс. Во римската митологија, Маја се смета за божица на плодноста и пролетта, па токму затоа еден пролетен месец го носи ова име – мај. Според други потекла, името означува „добра мајка“ и „великодушност“.
Ана - се појавува 7770 пати
Името е облик на хебрејското име Хана и значи „милост“ и „благодарност“, а во христијанската вера, Ана е името на бабата на Исус Христос.
Сара - се појавува 7978 пати
Ова име има хебрејско потекло и е изведено од зборот „Сараи“ чие значење е „кнегиња, владеач, жена од висок ранг“. Според други извори, името значи „личност која носи среќа“.