Постојат 7 видови интелигенција - каква е вашата и која е совршената професија за вас?
Телесно-кинестетичка интелигенција
Познавате луѓе за кои сметате дека се „спортски тип“?
Овие лица се изразуваат преку телото и имаат добра телесна контрола.
Се одликуват со рамнотежа, добра координација и стабилност. Уживаат во работа со движење, помнат преку изведување активности и допир.
Препорачани професии: танчари, кореографи, каскадери, спортисти, инструктори за јога, спорт или боречки вештини, скулптори, актери, музичари.
Интерперсонална интелигенција
Тип интелигенција кој се однесува на начинот на кој ги разбираме другите луѓе и односите кои ги воспоставуваме со нив, односно на меѓучовечките односи.
Овие луѓе добро и брзо ги разбираат другите, можат лесно да ги прочитаат и брзо да воспостават контакт.
Имаат добра процена за емоциите, потребите и намерите на другите луѓе, бидејќи се добри во толкување на невербалната комуникација.
Лесно воспоставуваат позитивни односи, успешно решаваат конфликти во групи и сакаат дебати.
Препорачани професии: психолог, психотерапевт, советник, социјален работник, професор, филозоф, продавач, односи со јавност, маркетинг, политика.
Интраперсонална
Наспроти претходниот вид интелигенција, овој се однесува на односот со себеси.
Овие лица добро ги познаваат и имаат висока свесност за своите внатрешни потреби, чувства, расположенија и мотиви.
Постојано се самопреиспитуваат и ги анализираат своите постапки, вештини и односите со другите луѓе. Истовремено, уживаат во апстрактни идеи, размислување, анализирање теории и идеи.
Препорачани професии: филозоф, психолог, писател, поет, академски истражувач, теоретичар, научник.
Натуралистичка интелигенција
Се однесува на оние луѓе кои имаат добар однос со природата и се склони кон нејзино проучување.
Тие се насочени кон истражување на живиот и дивиот свет, на околината, на сите облици на живот кои постојат на планетата.
Добри се во категоризирање информации и многу се организирани и внимателни. Уживаат во времето поминато надвор и затоа најчесто ќе ги најдете во паркови, шуми, на планини или често патуваат и кампуваат.
Во својот дом, најчесто се грижат за миленици и растенија.
Препорачани професии: градинар, земјоделец, цвеќар, конзерватор, биолог, геолог, научник, ветеринар.
Подоцна, во 2009 година, деветтата интелигенција која Гарднер би ја додал на листата е егзистенцијалната или моралната интелигенција.
Таа се однесува на луѓето кои го преиспитуваат постоењето, животот и неговата смисла. Најдобро би се пронашле како филозофи, теолози, астрономи или во квантната физика.
A.T. | Црнобело