Постојат 7 видови интелигенција - каква е вашата и која е совршената професија за вас?

Кога станува збор за интелигенција, обично помисуваме на IQ тестови, но знаевте ли дека постојат различни видови интелигенција, како музичко-ритмичка и визуелно-просторна? Во која категорија спаѓате вие и која би била совршена професија за вас според типот на интелигенција?

kolku-vidovi-na-inteligencija-postojat-01.jpg

Кога ќе го чуете зборот интелигенција, веројатно прво помислувате на некоја вродена карактеристика која го одредува нашиот потенцијал или на нечиј коефициент на интелигенција.

Во раните 1980-ти години, американскиот психолог Хауард Гарднер ја објавил својата книга Multiple Intelligences: New Horizons in Theory and Practice, со која првпат во историјата на психологијата ја поставува теоријата дека можеби постои повеќе од еден вид интелигенција.

Гарднер ја предложил идејата дека секој од нас има различен вид интелигенција, додека кај луѓето што се талентирани за некоја област, повеќе видови интелигенција се преплетуваат.

Но, тој се спротиставува на идејата луѓето да се етикетираат според одредена категорија и нагласува дека оваа теорија треба да ги мотивира и зајакне учениците, поаѓајки од област која им претставува силна страна, наместо да ги ограничи на еден вид активности.

Тој смета дека постојат 8 видови интелигенција, со можност уште еден вид да се додаде на листата.

Тоа се следниве:

Музичко-ритмичка интелигенција

Луѓето кај кои е изразен овој вид интелигенција имаат добар или одличен слух, чувствителни се на ритам и добро можат да препознаваат и разликуваат звуци.

Лесно можат да научат да свират еден, но почесто повеќе музички инструменти, знаат да пеат и имаат напредно разбирање на музичките тонови, ноти и шеми. Исто така, лесно помнат песни и мелодии.

Препорачани професии: диригенти, композитори, музичари, пејачи, наставници по музичко образование.

Визуелно-просторна интелигенција

Овие луѓе имаат силно изразена способност за визуелизација, располагаат со визуелна меморија и многу добро се снаоѓаат со мапи, слики и видеа.

Имаат добро разбирање и љубов кон визуелните уметности, но уживаат и во читање и пишување.

Исто така, добро ги проценуваат просторот и растојанијата меѓу предметите.

Препорачани професии: дизајнер, ликовен уметник, фотограф, графички дизајнер, инженер, архитект.

Kolku-vidovi-na-inteligencija-postojat-02.jpg

Вербално-лингвистичка интелигенција

Овој тип интелигенција подразбира добра и правилна употреба на зборови во зборувањето и во пишувањето.

Луѓето кај кои доминира оваа интелигенција обожаваат да читаат и пишуваат, често авторски дела.

Сакаат да зборуваат и добри се во држење говори бидејќи знаат добро да се изразат и добро да објаснуваат.

Исто така, имаат добро помнење не само на содржините кои ги прочитале, туку и на датуми.

Препорачани професии: писател, колумнист, поет, лектор, новинар, адвокат, маркетинг, професор.

Логичко-математичка интелигенција

Сигурно паметите некој од вашиот клас кој со невидена леснотија ги совладувал математичките задачи, додека останатите се бореле со равенки и формули.

Овие лица добро се снаоѓаат со броеви, односи меѓу броеви и шеми, и имаат способност за логичко размислување, препознавање и решавање проблеми.

Тие сакаат да се занимаваат со апстрактни идеи, да решаваат комплицирани задачи и да прават експерименти.

Препорачани професии: програмер, математичар, инженер, архитект, сметководител, хемичар, физичар или друг тип научник.

Kolku-vidovi-na-inteligencija-postojat-03.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Жените го имаат главниот збор, мажите го земаат нивното презимe: Интересни факти за племето Кхаси од... Мажот во куќата доаѓа како домазет, целиот имот останува на најмалата ќерка, а а...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg