Откријте ја тајната на вашето име: Првата самогласка открива многу важен дел од вашиот карактер
Самогласките се поврзани со духовната и емоционалната вибрација на една личност. Тие го откриваат вистинското битие, мотивацијата и најскриените желби.
Значењето на самогласките во името е толку длабоко што многу антички култури го забранувале нивно пишување (така што ги пишувале само согласките). Првата самогласка во името е најважна.
Ако името започнува со самогласка, неговата моќ е неоспорна. Ако името започнува со согласка, моќта е послаба, но нејзиното влијание е сè уште исклучително силно.
Откријте ја тајната на вашето име:
Луѓето кои ја имаат првата самогласка А се полни со самодоверба и веруваат во своите идеи. Не ги интересира она што било порано и не се плашат дали ќе бидат изложени на какви било критики при започнувањето на нови проекти.
Буквата Е како прва самогласка во името ја означува желбата за промена. Луѓето од оваа категорија копнеат по различност, што ги прави интересни, возбудливи и многу популарни индивидуи.
Уметноста, патувањето, славата и богатството се четирите најважни елементи во животот на луѓето со прва самогласка И. Тие веројатно ќе бидат реализирани во сите посакувани области, бидејќи не прифаќаат „не“ како одговор.
Сепак, треба да научат да бидат повеќе трпеливи, бидејќи не можат да добијат сè веднаш.
На луѓето со исклучителна психичка и духовна сила, како и способност за сочувство и разбирање им се припишува самогласката О. Тие секогаш ќе бараат оптимално решение за проблемот, дури и кога другите ќе почнат да се откажуваат.
Луѓето кои ја имаат самогласката У во името имаат огромна количина животна енергија и зрачат со радост каде и да се појават.
Ашера | Црнобело