Кои интуитивни знаци никогаш не треба да ги игнорирате?

Ви се превртува стомакот. Знаете дека нешто ќе се случи, иако не знаете како. Нешто ви вели дека треба да постапите на одреден начин. Не познавате некое лице, но знаете дека не треба да му верувате.

Koi-intuitivni-znaci-nikogash-ne-treba-da-gi-ignorirate-01.jpg

Сите понекогаш добиваме чудни „сигнали“ во вид на струења низ телото, ладна пот, необјасниви чувства или кога нешто едноставно знаете. Тоа може да се припише на внатрешниот водич наречен интуиција.

Интуицијата не е видовитост или некоја натприродна моќ. Дури и кога сте зафатени со нешто, телото под свесниот ранг ги прима и обработува информациите од околината и ви ги соопштува на суптилно ниво. Се работи за механизам на преживување кој се обидува да ве заштити.

Не ги игнорирајте овие информации - наместо тоа, преиспитајте ги на рационален начин, а потоа донесете одлука како да постапите.

 Кои знаци никогаш да не ги игнорирате?

 „Не се чувствувам добро“

Болката или неудобноста во телото е знак дека нешто не е во ред. Често луѓето имаат тенденција да ги игнорираат малите знаци кои дури кога ќе се трансформираат во поголем проблем ни го окупираат вниманието. Секако, ова не значи дека на секоја најмала болка треба да се консултирате со лекар, туку да бидете свесни за процесите што се одвиваат во вашето тело. 

 Болката не мора да биде физичка. Посветете внимание и на менталното здравје и општата добросостојба - како дишете, како се чувствувате во моментот, што е причината за моменталната вознемиреност или возбуда, дали сте изморени, можеби ве исцрпуваат одредени луѓе и ситуации.

Доколку го насочувате вниманието на начинот на кој што се чувствувате, може да се спасите од многу кругови на лоши мисли, а со тоа и непријатни расположенија и ситуации.

Koi-intuitivni-znaci-nikogash-ne-treba-da-gi-ignorirate-02.jpg

„Чувствувам опасност / Се чувствувам загрозено“

Колку пати сте имале некое вознемирувачко чувство во стомакот, кое било проследено со непријатна ситуација? Нашиот организам има природен механизам „бори се или бегај“ кој може да насети опасност дури пред да станеме свесни за неа. Можеби чувствувате дека некоја ситуација води кон опасност, не треба да влезете некаде или некој човек ви изгледа сомнително.

Што да направите во ваква ситуација? Преземете ја активноста која чувствувате дека треба да ја направите. Кажете некому, споделете што чувствувате. Можеби и некој друг ја чувствува истата опасност и на тој начин ќе можете заеднички да делувате.

Koi-intuitivni-znaci-nikogash-ne-treba-da-gi-ignorirate-03.jpg

„Ова е тоа!“ или „Ова е погрешно“

Дали при некоја одлука сте почувствувале дека тоа е правилниот избор за вас и дека се наоѓате на вистинското место во вистинско време? Изборите не ги правиме само рационално, туку и емоционално. Најчесто, ова чувство доаѓа при поголеми животни промени и одлуки како менување работно место, преселба, стапување во врска или во брак, подолго патување, активности кои ве исполнуваат.

При вакви големи и животни одлуки е подобро да сме во согласност со „внатрешниот компас“, бидејќи доколку се јави чувство на отпор кон некој избор или промена, подоцна може многу скапо да платиме за игнорирањето на внатрешните чувства. Жалењето ќе се појави во форма на „Знаев дека не требаше...“. Затоа, кога нешто навистина сакаме секогаш доаѓа на природен начин, со чувството „ова е тоа“.

Koi-intuitivni-znaci-nikogash-ne-treba-da-gi-ignorirate-04.jpg

„Треба да преземам нешто“ или „Треба да помогнам“

Можеби неколку пати сте се соочиле со настан кога сте почувствувале движечка сила за преземање некаква акција, или пак сте сретнале лице на кое, и покрај тоа што не изразило желба, ви дошла желба да му помогнете на некој начин. Благодарение на еволуцијата, овие нешта не мораат да бидат изговорени, бидејќи од говорот на телото и изразот на лицето можеме да ги прочитаме.

Покажете иницијатива, започнете разговор со лицето. Можеби некому ќе му го промените животот.

A. T. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
Низ илустрации: Kако да позирате за да изгледате повитки на фотографиите? Немојте да ги лепите рацете до телото, застанете под благ агол, а во групните фо...
8 совети да позирате како модел (и да немате здодевни Инстаграм фотки) Ви се случило ли да ја уништите совршената фотографија поради гримаса? Или лоша ...
Сигурни знаци дека некој ве лаже, според ФБИ агент Кои знаци може да ги разоткријат личностите што се обидуваат да ве излажат? На к...
„Немаше многу дрога и секс како што мисли јавноста“: Како навистина изгледале популарните забави во ... „Забавите се одржуваа во куќа која е многу голема, па оние кои сакаа секс или не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg