Како да се маскирате за Ноќта на вештерките без да потрошите многу пари?

Перика на судија

Земете долго и тенко парче материјал и неколку цилиндри од бел картон. Можете да користите и ролни од тоалетна хартија.

Залепете ги цилиндрите на материјалот како на фотографијата, и оставете да се исуши.

kako-da-se-maskirate-za-nokjta-na-veshterkite-bez-da-potroshite-mnogu-pari-07.jpg

Вампирски заби

За да си направите вампирски заби, ќе ви бидат потребни вештачки нокти. Исечете ги ноктите во триаголна форма, така што ќе ги собере во вашата уста, па залепете ги на кучешките заби.

kako-da-se-maskirate-za-nokjta-na-veshterkite-bez-da-potroshite-mnogu-pari-08.jpg

Ангелски крилја

Исечете парче картон во форма на крилја, а потоа обојте го со бела боја.

Со тоалетна хартија направете мали топчиња што ќе наликуваат на пердуви и залепете ги на картонот.

Оставете ги крилјата добро да се исушат.

kako-da-se-maskirate-za-nokjta-na-veshterkite-bez-da-potroshite-mnogu-pari-09.jpg

Спајдермен маска

Земете хартиена чинија и обојте ја со црвена боја. Откако ќе се исуши, направете дупки за очите.

Со црн маркер нацртајте ја пајаковата мрежа и веќе сте подготвени да го спасите градот.

kako-da-se-maskirate-za-nokjta-na-veshterkite-bez-da-potroshite-mnogu-pari-10.jpg

Чевли на лепрекон

Земете пластична чинија и од неа исечете две кружни форми. Важно е секоја форма да има дел кој ќе можете да го залепите на чевелот.

Потоа од пластична чинија исечете и фигура во форма на ромб, што ќе ја залепите на предниот дел.

Залепете ги деловите на чевелот како на сликата, прекријте сè со лепило и хартија за бришење и оставете да се исуши.

Откако ќе се исуши лепилото, обојте ги чевлите по желба.

kako-da-se-maskirate-za-nokjta-na-veshterkite-bez-da-potroshite-mnogu-pari-11.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

7 вежби со кои ќе ги намалите брчките на лицето и ќе изгледате помладо Зајакнете ги мускулите на лицето со кревање лажица: Меѓу усните ставете лаж...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Бизарни јадења од ретро книги со рецепти (фото) Банани со сланина и кашкавал, пица во форма на лице која изгледа страшно… Сте ви...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Застарени бонтон правила што никој не ги почитува Мажите не треба да чекаат жената да им пружи рака за да се ракуваат, а во рестор...
Погрешно vs. правилно: Инфлуенсерка открива трикови за позирање за совршени Инстаграм фотки Наместо да застанете свртени со грб кон камерата и да се завртите благо наназад,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg